Денес е петок, најочекуваниот ден од неделата. Петок значи дека може да започне викендот и може да се земе мала оддишка од работата и обврските. Бидејќи денес е петок, решив да споделам неколку прекрасни цитати поврзани со читањето и книгите. Ова е мојата дневна доза позитива, се надевам ќе уживате во цитатите!

~ „Книгата е сон којшто го држиш во рака.“ – Нил Гејман
~ „Книгите се уникатна магија која се пренесува.“ – Стивен Кинг
~ „Оној којшто чита живее 1000 животи пред да умре. Оној којшто не чита живее само еднаш.“ – Џорџ Р. Р. Мартин
~ „По исхраната, засолништето и придружбата, приказните се најважната работа на светот.“ – Филип Пулман
~ „Зборовите можат да бидат како рендгенски зраци ако ги употребувате правилно – тие можат да поминат низ сѐ. Читаш и прободен си.“ – Олдос Хаксли
~ „Пишуваме за два пати да го вкусиме животот: во моментот и во ретроспектива.“ – Анаис Нин
~ „Кога ќе се навратам назад, толку многу сум импресионирана од животната моќ на литературата. Ако денес бев млада личност која се бара себеси во светот, јас тоа повторно ќе го направам преку читањето, исто како што правев кога бев млада.“ – Маја Ангелоу
~ „Не постои пријател толку верен како книгата.“ – Ернест Хемингвеј

~ „Тоа што најмногу ме воодушевува кај една книга е тоа што откако ќе ја завршиш, посакуваш писателот кој ја напишал да е твој добар другар за да можеш да му се јавиш секогаш кога ќе посакаш. Иако, ова речиси никогаш и не се случува.“ – Џ.Д. Селинџер
~ „Јас велам дека не постои такво уживање како читањето! Човек бргу се изморува од сѐ освен од книга! Кога ќе имам сопствена куќа, би се чувствувала мизерно доколку немам одлична библиотека.“ – Џејн Остин
~ „Постојат полоши злосторства од палењето книги. Едно од нив е да не ги читате.“ – Џозеф Бродски
~ „Постојат луѓе, меѓу кои сум и јас, кои се чувствуваат подобро само што ќе погледнат книга.“ – Џејн Смајли
