Видео: Моќта на зборовите: Како читањето може да ни го промени животот?

За љубителите на читањето, тоа е една од најомилените активности кои постојат на планетава. Но, често го земаме читањето здраво за готово. Повеќето од нас научиле да читаат уште од мали нозе и ние сме ги имале сите услови за да научиме да читаме. За нас, сосема е нормално човек да знае да чита и сосема е незамисливо некој да не знае да чита и да биде неписмен.

tumblr_mv3j6bk8vu1sr7w3co1_500

Но, сите луѓе ја немаат таа среќа во животот. Според статистиката на страницата на организацијата „Speaking Books“, 785 милиони луѓе се неписмени или на работ на неписменоста. Тоа значи дека 1 од 5 луѓе на планетава Земја не знае да чита. Тоа се навистина поразувачки бројки што мора драстично да се намалат. Огромен процент на луѓе ширум светот ја немаат таа среќа и можност да научат да читаат и со тоа да се образоваат и да имаат подобри можности во животот.

Моќта на зборовите и образованието е преголема. Читањето книги и способноста да можеме да ги прочитаме, ни го менува животот на подобро. Секоја прочитана книга е еден чекор понапред во нашиот личен развој. Ова треба да биде можност за секој човек ширум светот!

Видеото кое ќе имате можност да го видите подолу, го следи патот на еден човек во неговите напори да научи да чита. Видеото е кратко, но носи една прекрасна порака која верувам дека ќе ве наежи и замисли!

Книгата која ја читавте, а беше ужасно досадна? Некои луѓе би дале сѐ што имаат само да можат да ја прочитаат. Затоа треба да сме благодарни на можностите кои сме ги имале и да се обидеме да ја креваме свесноста и да помогнеме, кој колку може!

Leave a comment