Како изгледаат домовите на некои од најпознатите писатели на денешницата?

Писателите секогаш предизвикуваат големо внимание. Во денешницата писателите се вистински ѕвезди кои заработуваат навистина многу и поголемиот дел од нив решаваат да си купат убави и удобни домови. Во еден претходен пост пишував за тоа како изгледале домовите на некои од најлегендарните писатели. Овој пат погледнете како изгледаат некои од домовите на познатите писатели од денешницата.

1.  Ден Браун

Ден Браун живее во Њу Хемпшир. Сепак, додека не инсталирал безбедносни системи и огради, тој не живеел во оваа куќа, затоа што нон-стоп му провалувале обожаватели. Наводно, куќата е полна со тајни премини.

danbrownhousesmall

2. Е.Л. Џејмс

Авторката на „50 нијанси сиво“ заработи навистина огромно богатство со издавањето на оваа трилогија која ги полуде жените ширум светот. Дел од своите пари таа ги вложи во овој дом во западен Лондон.

jameshousesmall

3. Стивен Кинг

Кралот на хорор книгите пораснал во Мејн и сѐ уште живее таму. За таа цел ја има купено оваа прекрасна куќа која мора да признаете и делува како да е излезена од некоја од неговите книги.

kinghousesmall

4. Стефани Мејер

Писателката на „Самрак“ вртоглаво ја доби својата популарност, особено меѓу тинејџерите. Нејзината трилогија, заедно со филмовите, создадоа вистинска опсесија помеѓу адолесцентите. Таа добро заработи од сето тоа и сега живее на овој огромен имот во Аризона.

meyerhousesmall

5. Џејмс Патерсон

Џејмс Патерсон навистина ужива во овој луксузен дом во Палм Бич, Флорида. Сепак, освен што ужива во плодовите на своите успешни трилер романи, тој е познат по тоа што дава многу донации за малите книжари и им помага да се развиваат.

james-patterson-housesmall

6. Џ.К Роулинг

Писателката која го создаде Хари Потер, момчето кое преживеа, неколку пати ги има сменето своите домови. Таа живее во Единбург, Шкотска, а оваа куќа ја има купено на почетокот од 2000-та година.

rowlinghousesmall

Leave a comment