Интернетот е навистина прекрасно место за сите оние кои се во потрага во знаење и учење. Огромно пространство кое нуди бесконечни можности и извори за учење.
За сите оние кои се љубители на филозофијата, денес ви давам еден многу интересен линк на кој можете да најдете 135 феноменални дела од областа на литературата.

Имено, на линкот можете да најдете дела од Аристотел, Хана Арент, Едмунд Бурк, Албер Ками, Луис Керол, Конфучие, Рене Декарт, Фјодор Достоевски, Ралф Валдо Емерсон, Хегел, Томас Хобс, Имануел Кант, Серен Кјеркегор, Џон Лок, Николо Макијавели, Карл Маркс, Џон Стујарт Мил, Томас Мор, Фридрих Ниче, Платон, Жан Жак Русо, Артур Шопенхауер, Адам Смит, Спиноза, Алексис де Токвил, Хенри Дејвид Торо, Лав Толстој, Волтер, Лудвиг Витгенштајн и многу други.
Дури и да не сте голем обожавател на филозофија, овие книги се навистина одличен извор за учење и проширување на видиците и разгледување на многу важни прашања, а овие автори се сметаат за генијалци во полето на филозофијата. Можеби за многу работи и нема да се согласувате со нивните размислувања, но ќе ве натераат да пронајдете сопствени аргументи и да го подобрите сопствениот процес на размислување.
Книгите можете да ги најдете ТУКА.
На здравје читање!
