Започна декември, а со него доаѓаат прекрасни денови! Освен што сите го чекаат снегот, декември е одличен месец за читање книги покриени со јорган и кафе, чај или топло чоколадо во раката.
Освен тоа, декември е месец на попусти!
Издавачката куќа „Сакам книги„ веќе ја започна својата акција и издаде новогодишен каталог со сите понудени книги и попустите кои ги нудат.

Каталогот можете да го најдете тука, а попустите важат за секоја он-лајн нарачка на страницата „Купи книга“. Имено, во период од неколку дена се очекува да важи и во книжарниците, но ова нема да важи за Скопје, туку за другите градови во Република Македонија. Скопјани ќе можат да го искористат овој попуст само преку он-лајн купувањето на горенаведениот линк.
Нема што да се должи, разлгледајте го каталогот и доколку ви фаќа нешто око, изберете си ги декемвриските и новогодишните четива!
