Видео: Единствената видео-снимка од Марк Твен!

За Марк Твен навистина не се потребни големи и долги најави и објаснувања. Тој е еден од најпознатите американски писатели и често го нарекуваат и „татко на американската книжевност“.

Автор е на книгите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“, кои се сметаат за едни од најдобрите дела во американската книжевност.

Марк Твен е познат во својата книжевна генијалност, а и воедно е познат и еден од најпознатите американски комичари. Тој поседувал неверојатен талент за хумор и сатира.

twain-jap-herron

Томас Едисон во една прилика кажал: „Просечниот Американец го сака своето семејство. Ако во него остане љубов и за друга личност, тој обично го избира Марк Твен.“

Марк Твен и Томас Едисон биле добри пријатели. Во 1909 година, Едисон го посетил славниот писател на неговиот имот и во таа прилика успеал да го сними Марк Твен и да направи кратко видео од него.

Немата снимка е единствената позната снимка од Марк Твен. На снимката може да се види Твен во неговиот препознатлив бел костум. Тој за жал починал следната година.

За жал, не постојат снимки од гласот на Марк Твен.

Погледнете го краткото видео:

Leave a comment