Познавачите на филмската уметност многу добро се запознаени со ликот и делото на Гери Олдман. Тој е еден од најценетите и најдобрите актери од неговата генерација, а е миленик на сите генерации. Луѓето највеќе го помнат по неговите улоги во „Хари Потер“, трилогијата на Крис Нолан за Бетмен, „Професионалец“ и многу, многу други филмови. Неговиот актерски опус е навистина голем.
Откако го освои светот на филмот, Гери Олдман се впушта во нова авантура каде што ќе може да го испроба својот талент, а тоа е книжевноста и литературата. Неговата книга ќе ги пренесе читателите во Дивиот запад и тоа на сосема нов и поинаков начин.

Книгата „Јавачи на крвта“ вклучува каубојци-вампири и мистериозен човек кој се вика Магнус. Приказната е создадена како производ на соработката на Гери Олдман со филмскиот режисер Даглас Урбански, со кого Одлман во минатото има често соработувано.
Тие го создале ликот на Магнус уште пред многу години и долго чекале прилика за да можат да ги оживеат неговите чудни приказни од Дивиот запад.
„Сфера“ ќе биде издавачката куќа која ќе ја издаде книгата. Се очекува книгата да биде издадена во октомври 2016 година. Доколку книгата помине добро кај читателите, Олдман и Урбански би сакале да ја претворат книгата во цел серијал.
