Кои се најпопуларните книжевни жанрови за 2015 година?

Се приближува крајот на 2015 година, а тоа значи дека во овој период ќе излезат податоци за тоа што било најдобро, најчитано, најпопуларно за 2015 година. Истото важи и за книгите.

Додека ги чекаме и другите интересни резултати за тоа што било најнај за оваа година во светот на литературата, денес ви ги претставувам резултатите за најпопуларниот жанр.

Статистиката е направена врз основа на тоа кои книги биле најпродавани на сите топ листи. Во однос на листата на најпродавани книги е создадена и статистиката за тоа кој е најпопуларен жанр.

Победници за 2015 година се трилерите. 28% од најпродаваните книги за 2015 година се трилери. Книгите како „Девојката од возот“ на писателката Пола Хокинс навистина доминираа на сите топ-листи.

Второто место им припадна на книгите од жанрот општа белетристика. 25% од најпродаваните книги се од овој жанр.

Класиците тврдоглаво одбиваат да им го предадат својот примат на модерните книги и сѐ уште котираат многу високо на листата на најпопуларни жанрови. Тие го освоија третото место, со тоа што 20% од најпродаваните книги за 2015 година се старите, познати и легендарни класици.

Мистериите и детективските романи се веднаш зад нив на четвртото место, 17% од најпродаваните книги се од овој жанр.

Топ 5 листата ја заокружуваат романсите и љубовните романи кои исто така добро котираат. 8% од најпродаваните романи за оваа година биле книги со љубовна тематика.

Следни по нив се акциите и авантурите. 7% од овој жанр се на листата на најпродавани книги за 2015 година. Всушност тие го делат шестото место со научната фантастика, бидејќи книгите од овој жанр го имаат истиот процент (7%) на продажба како и акциите и авантурите.

Потоа следуваат фантазиите со 6%, книгите со религиска тематика имаат 5% на продажба меѓу најпродаваните книги, додека пак хорор и психолошките книги, заедно со графичките книги и вестерните имаат по 1%.

Погледнете го и графикот!

Кој е вашиот омилен жанр?

bestsellingbooks2015

Leave a comment