Пред извесно време, на блогот зборував за најавите за оживување на феноменалната книга на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“, на „штиците што живот значат“ во МНТ. Според сите најави и зборувања по премиерата, заклучокот е дека се работи за вистински театарски спектакл и едноставно не смее да се пропушти!

Во меѓувреме, со оглед на тоа дека „Мајсторот и Маргарита“ повторно е актуелна и е предмет на дискусија и зборување, решив денешната објава повторно да ја посветам на оваа безвременска книга.
Денес на блогот можете да погледнете кратко видео, кое е своевидно промотивно видео за книгата. Видеото е изработено во 1997 година, од страна на Светлана Петрова и Наталија Березоваја, две студентки кои во тоа време решиле да се обидат да остават свој печат и да допрат до делата на Булкагов.
„Мајсторот и Маргарита“ е предизвик за секој оној кој сака да ја оживее оваа приказна. Постојат најмалку пет филмови, две телевизиски серии, театарски претстави ширум светот, балетски претстави, опери и дури и графички книги.
Оваа книга никогаш нема да престане да инспирира други уметници!
Погледнете го видеото и задолжително набавете си карти за следната претстава.
