По долгите најави и очекувања, конечно македонската јавност ќе има можност и прилика да го види и доживее новиот роман на македонската писателка Винка Саздова.
Новата книга, чиј наслов е „Луна“, ќе биде промовирана во петок, во 12 часот, во книжарницата „ТРИ“ во Градскиот трговски центар. Секој обожавател на книгите и делата на Винка Саздова ќе има можност премиерно да ја купи книгата, да се сретне со писателката и да добие посвета на книгата.

(Извор на сликата: Вљубени во книгата)
Винка Саздова е една од најуспешните писателки во Република Македонија. Нејзината книга „Последниот чај“ беше вистинска сензација. Со издавањето на книгата во 2009 година, се разбуди невиден интерес кај македонската публика за македонски роман. Книгата „Последниот чај“ годинава го доживеа своето 10-то издание, а воедно е преведена и на српски, хрватски и бугарски јазик.
Покрај „Последниот чај“, Винка Саздова издаде уште два многу успешни романи, „Полиња со диви нарциси“ и „Понекогаш доаѓа среќа“, а сега конечно ќе имаме прилика да ја прочитаме и „Луна“.
Винка Саздова воедно е и основач на издавачката куќа „ТРИ“ и е нејзин главен уредник. Како писателката, таа е дефинитивно една од најчитаните македонски писатели и по тој повод ја доби и плакетата за најчитан македонски автор од страна на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
„Кафе и книги“ и посакува многу успех на Винка Саздова и се надевам дека оваа книга ќе ги надмине сите останати! Заокружете си го 18 декември во календарите и посетете ја книжарницата „ТРИ“!
Воедно, како мал поттик за да отидете на промоцијата, ќе ви ја претставам сликата која Вљубени во книгата ја ставија на својата страница пред некој ден, а која веројатно е извадок од новата книга и е навистина прекрасна и поттикнува размислување:

