Има многу книги и писатели кои на најразличен начин постојано предизвикувааат внимание. Луѓето сакаат да знаат се за тие дела, најмалите ситници и сите детали.
За денес одбрав еден многу интересен инфографик кој ни ја дава светската литература низ бројки. Верувам дека бројкиве ќе ви бидат интересни и занимливи.
Инфографикот е поделен на 8 поглавја.
Првото поглавје е посветено на еповите и на книгите кои имаат над 110.000 зборови. Па така, можете да видите дека некои од најдолгите дела во литературата се „Улис“ на Џејмс Џојс (265.222 зборови), „Мрачна куќа“ од Чарлс Дикенс (360.847 зборови), „Одвеано со виорот“ од Маргарет Мичел (418.053 зборови), „Бескраен потсмев“ од Дејвид Фостер Валас (483.994 зборови), „Клетници“ од Виктор Иго (530.982 зборови), „Војна и мир“ од Лав Толстој (561.304 зборови) и „Соодветно момче“ од Викрам Сет (593. 674 зборови).
Второто поглавје е посветено на популарните книжевни серијали. Според инфографикот, можете да ја видите должината на книгите од серијалите: „Песна за мразот и огнот“ од Џорџ Р.Р. Мартин, „Хари Потер“ од Џ.К. Роулинг и „Господар на прстените“ од Џ.Р.Р. Толкин.
Третото поглавје е посветено на подолгите раскази (новели) меѓу 20.000 до 50.000 зборови. Тука се вметнати книгите: „Јас сум легенда“од Ричард Матесон (25.204 зборови), „Божиќна приказна“ од Чарлс Дикенс (28.944 зборови), „Луѓе и глувци“ од Џон Стајнбек (29.160 зборови),„Животинска фарма“ од Џорџ Орвел (29.966 зборови).

Четвртото поглавје е посветено на приказни кои можат да се прочитаат за помалку од 5 минути. Тоа се приказните: „Училиштето“ на Доналд Бертхелм, „Приказната на часот“ на Кејт Шопин, „Последната ноќ на светот“ од Реј Бредбери, „Чисто, добро осветлено место“ од Ернест Хемингвеј, „Среќни краеви“ од Маргарет Атвуд и „Лупа“ од Антон Чехов.
Следните две поглавја се посветени на еповите и на хаику поезијата, со два примери за такви поеми.
Седмото поглавје е посветено на писателите.
Најкраткото дело на Ернест Хемингвеј е „Старецот и морето“ со 26.601 зборови, а најдолгото е „За кого бијат камбаните“ со 174.106 зборови.
Најкраткото дело на Вилијам Шекспир е „Макбет“ со 17.084 зборови, а најдолгото е „Хамлет“ со 30.066 зборови.

Покрај тоа, во инфографикот можете да забележите и други интересни информации за делата на Шекспир, како и тоа кои зборови се измислени од него и се направени на одличен и забавен начин.
Најкраткото дело на Џејн Остин е „Опатијата Нортангер“ со 77.977 зборови, а најдолгото е „Ема“ со 162.853 зборови. А во инфографикот можете да видете колку зборови имале и другите дела, а воедно и интересни информации за бакнежите кои ги има во нејзините дела.
Осмото поглавје содржи две интересни информации како на пример фактот дека „Приказна без крај“ има 96.000 зборови и нејзин автор е Мајкл Енд (енд=крај). Втората интересна информација е дека книгата „Врева и бес“ на Вилијам Фокнер има дел од 600 зборови, во кој нема никакви интерпукциски знаци.
Во самиот текст се претставени најглавните информации од инфографикот, но сепак е одлично и самите да го погледнете, бидејќи содржи навистина интересни дополнителни информации и цитати кои би ви биле интересни.

