Знаете како велат: „Не ја судете книгата според корицата.“ Ова се однесува на многу работи и важи и во буквална и во метафоричка смисла. Сепак, дизајнот на корицата на книгата навистина врши големо влијание врз читателите и привлекува внимание.
Секако дека дизајнот треба и мора да е секундарен и не може да има предност пред самата книга и содржина. Сепак, има многу дизајни на насловните корици кои се интересни и вредат да се забележат, чисто од нивниот естетски момент.
„Њујорк Тајмс“ ги одбра најдобрите насловни корици за 2015 година. Погледнете кои се тие.
1 . „Комплетните приказни“ – Кларис Лиспектор
Дизајн: Пол Сар
Издавач: „Њу Дајрекшнс“

2. „Сатенски остров“ – Том МекКарти
Дизајн: Питер Менделсунд
Издавач: Алфред А. Кнопф

3. „КЛ: Историјата на нацистичките концентрациони кампови“ – Николаус Ваухман
Дизајн: Алекс Мерто
Издавач: Фарар, Страус и Гироу

4. „Создавајќи го финото“ – Мет Шумел
Дизајн: Греј318
Издавач: Хенри Холт и Компани

5. „Се што се издигнува мора да се спои“ – Фланери О’Конор
Дизајн: Шарлот Стрик
Илустрации: Џун Гласон
Издавач: Фарар, Страус и Гироу

6. „Транс: Мемоар“ – Џулиет Жак
Илустрација: Јоана Валш
Издавач: Версо

7. „Клубот на лажговци“ (20-то издание) – Мери Кар
Дизајн: Пол Бакли
Илустрации: Брајан Реа
Издавач: Пингвин Класикс

8. „Вештерките во Америка“ – Алекс Мар
Дизајн: Рејчел Вили
Издавач: Фарар, Страус и Гироу

9. „Гласовите во ноќта“ – Стивен Милхаузер
Дизајн: Џенет Хансен
Издавач: Алфред А. Кнопф

10. „Империум“ – Кристијан Крахт
Дизајн: Адализ Мартинез
Издавач: Фарар, Страус и Гироу

11. „Библиотекарот“ – Михаил Елизаров
Дизајн: Дејвид Пирсон
Издавач: Пушкин Прес

12. „Музичкиот мозок“ – Цезар Аира
Дизајн: Родриго Корал и Зак Тебал
Издавач: Њу Дајрекшнс

