Фондацијата „Македоника“ е платформа чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонското книжевно творештво и зголемување на свесноста кај младите за придобивките и убавината на читањето. На нејзината интернет-страница има 32.000 читатели и преку 600 наслови од кои можете да бирате.
Она што е најважно е што „Македоника“ е бесплатна платформа, за чие користење ви е потребно само неколкуминутно регистрирање.
Покрај ова, од пред некое време се појави и новата верзија на мобилната апликација „Македоника“, која е прва македонска апликација за мобилни уреди која е посветена на книгите и читањето и прва е-библиотека на македонски јазик достапна за мобилните уреди.

Апликацијата е бесплатна и достапна за сите кои поседуваат „паметен телефон.“ Оние коишто користат Андроид, апликацијата можат да ја преземат на овој линк. За повеќе информации за „Македоника“ како платформа, можете да се информирате тука.
Апликацијата овозможува читање книги и кога не сте поврзани на интернет. Користењето е едноставно. Изборот на вашите омилени дела се наоѓа на полицата „Мои книги”, а преку подесувањата можете да ги менувате видот и големината на фонтот, маргините, боите, позадините… Сè што треба е да се регистрирате и да уживате во истражувањето.
Оваа мобилна апликација е за поздравување! Ваквите иницијативи за промовирање на македонскиот јазик и читање на македонски јазик се навистина одлични иницијативи и треба да бидат промовирани и масовно користени!
На сите љубители на книги топло им ја препорачувам оваа апликација која ја заслужува нашата поддршка!
