Новата година е на самиот праг. Многу желби, многу мисли и надеж за подобра година и поубави моменти. Ова е период на размислување и собирање на впечатоците од годината што изминува.
„Кафе и книги“ ви посакува многу насмевки, здравје, среќа и љубов поголема од небото и универзумот.
Бидејќи станува збор за блог за литература и книги, нема посоодветен начин да ви посакам да имате прекрасна и најубава година од споделување прекрасни цитати за Нова година за поубав ден и уште поубава прослава!
Среќна Нова Година! Секоја година да ви биде поубава од претходната!
~ „Надежта се насмевнува од прагот на годината што доаѓа и шепоти: „Ќе биде посреќна…““ ~ Алфред Лорд Тенисон
~ „Зборовите од претходната година припаѓаат на јазикот од претходната година. Зборовите за наредната година чекаат нов глас.“ ~ Т.С.Елиот
~ „Вечерва е 31 декември,
Нешто се спрема да пукне.
Часовникот клекнува, темен и малечок,
Како бомба во ходникот што во секој момент ќе експлодира.
Слушај, полноќ е, драго дете.
Клекни! Еве доаѓа новата година!“ ~ Огден Неш

~ „Се надевам дека во годинава што доаѓа, ќе правиш грешки.
Затоа што ако правиш грешки, тогаш создаваш нови работи, пробуваш нови работи, учиш, живееш, се буткаш себеси напред, се менуваш себеси, го менуваш својот свет. Правиш работи кои порано не си ги направил и најважно од сѐ, ПРАВИШ НЕШТО.
Тоа е мојата желба за тебе, за сите нас и мојата желба за самиот себе. Прави нови грешки. Направи гламурозни, неверојатни грешки. Направи грешки кој никој не ги направил досега. Немој да се замрзнуваш, не застанувај, не се грижи дека не е доволно добро или дека не е совршено, без разлика дали се работи за уметност, љубов, работа, семејство или живот.
Што и да е тоа што се плашиш да го направиш, направи го!
Направи ги своите грешки, наредната година и засекогаш.“ ~ Нил Гејман
~ „Од сите звуци на ѕвоната кои постојат, најсвечен и наjтрогателен е оној што ја одѕвонува старата година.“ ~ Чарлс Лемб

~ „Утре е првата празна страница од книгата со 365 страници. Направи сѐ за да напишеш добра книга.“ ~ Бред Пејзли
~ „И сега ја пречекуваме новата година, полна со работи што не се случиле претходно.“ ~ Рајнер Марија Рилке
~ „Леле, минатата вечер навистина паѓаше снег! Нели е прекрасно? Сѐ што е познато исчезна! Светот изгледа сосема нов! Нова година… свеж и нов почеток! Тоа е како да имате голем бел лист на кој можете да цртате. Ден полн со можности! Ова е магичен свет, Хобс, стар пријателе… ајде да одиме да истражуваме!“ ~ Бил Ватерсон
~ „Светлоста нека те опкружи
Надежта нека те поттикне и поврати.
Твоите рани нека се претворат во лекување,
Твоето срце нека ги прегрне чувствата.
Твоите рани нека станат мудрост,
А секоја љубезност призма.
Смеата нека те зарази,
А твоето страдање нека те воскресне.
Добрината нека ги инспирира
Твоите најдлабоки желби.
Низ сè она за кое што ќе посегнеш,
Твоите раце никогаш да не се уморат.“ ~ Д.Симон
~ „Биди во војна со твоите пороци, во хармонија со твоите соседи и дозволи секоја нова година да те дочека како подобар човек.“ ~ Бенџамин Френклин
