Македонска поезија: „Разговор“ од Блаже Конески!

Неоспорно е дека македонската поезија е прекрасна. Македонија може да се гордее со толку многу прекрасни стихови и песни, напишани од преталентирани и прекрасни поети и поетеси.

Во нивна чест, решив на блогот да започнам традиција со објавување на прекрасни поеми како потсетување на прекрасната поезија којашто ја имаме и во чест на македонските великани на поезијата.

Како прва песна ја издвојувам „Разговор“ од Блаже Конески.

Разговор

Јас замислувам разговор со тебе,
Некакво правдање,
Некакво објаснување.
Јас смислувам прикладни зборови,
Вистинити,
Топли,
Искрени докрај.
Можеби јас би ти кажал
Во тој дијалог
Дека, и покрај сето,
Ти си повлекла виножито
Над мојот живот,
Дека ти си ме вклопила во некаква неповторлива целост,
Така што се’ добило своја смисла,
Како само по себе да се создало чудо.
Можеби малцина, а можеби и никој
Не се измислил така себеси
Како што сме се измислиле ние двајцата.
Па сепак, и покрај тој голем подем
По гест и збор,
На крајот заклучувам
Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.


12511870_10153896463037229_305612248_n

Leave a comment