Има навистина многу различни интерпретации на легендарната и безвременска поема „Гарванот“ на Едгар Алан По. За некои од нив веќе пишував на блогот.
Денес ви претставувам една многу необична, но многу интересна интерпретација на која можеби обожавателите на „Симпсонови“ се сеќаваат, иако се поминати многу години откако е пуштена во етер.
Во 1990 година, „Симпсонови“ првпат ја емитуваа нивната специјална епизода „Дрво на хоророт“ во чест на американскиот празник Хелоувин, Денот на вештерките. Епизодата беше навистина многу добро прифатена, па затоа решија за време на Хелоувин, „Дрвото на хоророт“ да стане традиција и оттогаш, секоја година прават специјална тематска епизода за овој ден.

Во таа епизода, Симпсонови прават адаптација и интерпретација на прочуената поема на Едгар Алан По, на начин, на кој само тие го можат тоа. Приказната започнува како Лиза ја чита приказната на нејзиниот помал брат Барт, додека Хомер е во главната улога и пати по неговата Ленора (Марџ), додека пак Барт истовремено е и во улога на гарванот.
Рецитирањето го изведува Џејмс Ерл Џонс, но и актерот којшто го позајмува гласот на Хомер Симпсон навистина одлично си ја врши својата задача, впрочем, како и секогаш.
Оваа изведба и анимација остави толку добар впечаток, што голем дел од водичите за учители ја препорачуваат за професорите по англиски јазик. Дури и весникот „Њујорк тајмс“ го направи истото во една прилика.
Погледнете го краткото видео и одлучете сами. 🙂
