На 10 јануари 2016 година, овој свет го напушти еден од најпрекрасните и најинспиративни музичари во историјата. Тој не беше само музичар, тој беше и камелеон, мајстор за трансформации и еден огромен уметник.
Освен тоа што беше исклучителен во секој поглед, тој беше и навистина страствен читател. Кога во една прилика го запрашале: „Која е твојата замисла за совршена среќа?“, тој одговорил: „Читањето“.
Во октомври 2013 година, на својот официјален Фејсбук профил, тој ја објави листата од неговите омилени 100 книги! Денес ви ја претставувам листата, затоа што е очигледно дека Дејвид Боуви бил вљубеник во читањето и интересно е да се види кои книги го обликувале неговиот ум и кои можеби го инспирирале за да пишува и твори!
Еве ја листата:
1 . „Интервјуа со Френсис Бејкон“ – Дејвид Силвестер
2. „Лажгото Били“ – Кит Ватерхаус
3. „Соба на врвот“ – Џон Брејн
4. „За немањето глава“ – Даглас Хардинг
5. „Кафка беше гневот“ – Анатолиј Бројард
6. „Пеколен портокал“ – Ентони Бурџис
7. „Градот на ноќта“ – Џон Реши
8. „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ – Џуно Диаз

9. „Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер
10. „Илијада“ – Хомер
11. „Додека лежев умирајќи“ – Вилијам Фокнер
12. „Таданори Јаку“ – Таданори Јаку
13. „Берлин, поштадот Александар“ – Алфред Доблин
14. „Внатре во китот и други есеи“ – Џорџ Орвел
15. „Господин Норис менува возови“ – Кристофер Ишервуд
16. „Речникот на Холс за субјекти и симболи во уметноста“ – Џејмс А.Хол
17. „Дејвид Бомберг“ – Ричард Корк
18. „Експлозија“ – Виндхем Луис
19. „Преминување“ – Нела Ларсен
20. „Над брило кутиите“ – Артур С. Данто
21. „Историјата на свесноста во распаѓањето на дводомниот ум“ – Џулијан Џејнс
22. „Во замокот на Блубирд“ – Џорџ Стајнер
23. „Хоксмор“ – Ричард Акројд
24. „Поделеното себе“ – Р.Д. Лаинг
25. „Странецот“ – Албер Ками
26. „Новороденчињата на пролетта“ – Валас Турман
27. „Потрагата по Криста Т.“ – Криста Вулф
28. „Стихови од песни“ – Брус Четвин
29. „Ноќите во циркусот“ – Ангела Картер
30. „ Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булгаков
31. „Врвот на госпоѓицата Жан Бродиеби“ – Мјуриел Спарк
32. „Лолита“ – Владимир Набоков
33. „Херцог“ – Сол Белоу

34. „Пукун“ – Спајк Милиган
35. „Црното момче“ – Ричард Рајт
36. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд
37. „Морнарот кој падна од милоста на морето“ – Јукио Мишима
38. „Темнина напладне“ – Артур Коестлер
39. „Празната земја“ – Т.С. Елиот
40. „МекТиг“ – Френк Норис
41. „Пари“ – Мартин Амис
42. „Туѓинецот“ – Колин Вилсон
43. „Чудни луѓе“ – Френк Едвардс
44. „Англиско патување“ – Џ.Б. Присли
45. „Конфедерација на глупаци“ – Џон Кенеди Тул
46. „Денот на скакулецот“ – Натаниел Вест
47. „1984“ – Џорџ Орвел
48. „Животот и времињата на малиот Ричард“ – Чарлс Вајт
49. „Авопбопалубоп Алопбамбум: Златното доба на Рок“ – Ник Кон
50. „Мистериозниот воз“ – Грејл Маркус
51. „Бино“ (стрип 50тите)
52. „Сирово“ (стрип 80тите)
53. „Бела бучава“ – Дон Делило
54. „Слатката соул музика: Ритам и блуз и јужњачкиот сон за слобода“ – Питер Гуралник
55. „Тишина: Лекции и пишување“ – Џон Кејџ
56. „Писателите на работа: Интервјуа за “Париз Ревју““ собрани од Малком Каулеи
57. „Звукот на градот: Подемот на рокенролот“ – Чарли Гилет
58. „Октобријана и руското подземје“ – Питер Садечки
59. „Улицата“ – Ен Петри
60. „Чудесните момчиња“ – Мајкл Чабун
61. „Последниот излез за Бруклин“ – Хјуберт Селби Џуниор
62. „Народната историја на САД“ – Хауард Зин
63. „Добата на американската неразумност“ – Сузан Џакоби
64. „Метрополитански живот“ – Френ Лебовиц
65. „Обалата на една утопија“ – Том Стопард
66. „Мостот“ – Харт Крејн
67. „Сите коњи на императорот“ – Дејвид Кид
68. „Фингерсмит“ – Сара Вотерс
69. „Земјени сили“ – Ентони Бурџес

70. „42 паралела“ – Џон Дос Пасос
71. „Приказните за славата на Битник“ – Ед Сандерс
72. „Уметникот Птица“ – Хауард Норман
73. „Нема каде да се бега: Приказната за соул музиката“ – Џери Хирши
74. „Пред потопот“ – Ото Фридрих
75. „Сексуална личност: Уметноста и декадентноста од Неферити до Емили Дикинсон“ – Камил Паглиа
76. „Американскиот начин на смртта“ – Џесика Митфорд
77. „Ладнокрвно убиство“ – Труман Капоти
78. „Љубовникот на Леди Чатерли“ – Д.Х.Лоренс
79. „Тинејџер“ – Џон Саваџ
80. „Зли тела“ – Евелин Вог
81. „Скриените убедувачи“ – Ванс Пакард
82. „Пожарот: Наредниот пат“ – Џејмс Болдвин
83. „Виз“ (стрип, раните 80-ти)
84. „Приватен детектив“ (сатирично списание 60-80)
85. „Одбрани поеми“ – Франк О’Хара
86. „Судењето на Хенри Кисинџер“ – Кристофер Хиченс
87. „Папагалот на Флобер“ – Џулијан Барнс

88. „Малдодор“ – грофот Лотреамон
89. „На пат“ – Џек Керуак
90. „Кабинетот со чуда на господин Вилсон“ – Лоренс Весшлер
91. „Занони“ – Едвард Бувлер – Литон
92. „Трансцедетална музика, нејзината доктрина и ритуали“ – Елифас Леви
93. „Гностичките госпели“ – Илејн Пејџелс
94. „Леопардот“ – Џузепе ди Лампедуса
95. „Пеколот“ – Данте Алигиери
96. „Гроб за делфин“ – Алберто Денти ди Пирајно
97. „Навредата“ – Руперт Томсон
98. „Помеѓу чаршавите“ – Ијан МекЕван
99. „Трагедија на луѓето“ – Орландо Фиџес
100. „Патување во вителот“ – Еугенија Гинзбург

