Инфографик: Зошто читањето е добро за здравјето и среќата?

Сите знаеме дека читањето е една од најубавите активности на овој свет. Начинот на кој зборовите и приказните на ликовите влијаат на нашето расположение, среќа е неповторлив и ништо не може да се спореди со тоа. Плачеме и се смееме заедно со ликови во книгата, понекогаш ги доживуваме како најдобри пријатели.

Книгата е најдобар пријател затоа што помага, а не осудува. Забавува, а не исмејува. Подучува, без читателот да биде свесен за тоа.

Има многу докази зошто читањето е добро зза нашето здравје и среќа, а денес ви претставувам еден интересен инфорграфик кој дава дополнителни причини зошто треба да се чита книги и како книгите влијаат врз нашето расположение и здравје.

Инфографикот е поделен на 5 поглавја и еден епилог.

Во првото поглавје, кое е насловено „Читањето и здравјето“, ни се дава податокот дека само шест минути читање се доволни за да се намали стресот за 60%, а притоа се забавува работата на срцето, се опуштаат мускулите на телото и ви се променува умствената состојба. Читањето го намалува стресот повеќе од слушањето музика (68%), пиењето чај (100%), пешачењето (300%) и играњето видео игри (700%). Оние коишто редовно читаат кажале дека имаат подобро здравје 55% наспроти 44% од луѓето кои не читаат и еден процент кои не се изјасниле.

Во второто поглавје кое е насловено „Читањето и мозокот“, ни се даваат други поволности од читањето книги како:

~ Го проширува вашиот вокабулар
~ Читањето е одличен поттикнувач на паметењето
~ Ги развива вашите аналитички вештини
~ Читањето се поврзува со понизок ризик од добивање деменција
~ Ги подобрува вашите комуникациски вештини
~ Ви ја подобрува концентрацијата

Оние коишто читаат имаат подобро ментално здравје 63% наспроти 56% од оние кои не читаат и еден процент не се изјасниле.

01-reading-a-book-1

Во третото поглавје, „Читањето и другите луѓе“, дознваме дека читањето ја поттикнува емпатија кај луѓето. Читање на литературата и вклучувањето на човекот во настаните кои се опишани во книгата предизвикуваат зголемување на нивото на емпатија и помагаат луѓето подобро да ги разберат луѓето кои се различни од нив.

Покрај тоа, постојат статистики дека 40% од луѓето кои читаат книги волонтираат во непрофитни организации наспроти 25% од оние коишто не читаат. 82% од љубителите на книгите донираат пари во добротворни организации, наспроти 66% од оние коишто не читаат. 71% од читателите помогнале на сосед во последниот месец.

Четвртото поглавје, „Читањето и успехот“, ни ја дава информацијата дека човек којшто е начитан има поголеми шанси да поседува дом и помалку шанси за развод. Покрај тоа, читателите имаат поголеми приходи. Оние коишто читаат имаат поголеми шанси да најдат подобро платена работа и подолго да го задржат работното место.

Петтото поглавје, „Читањето и децата“, ни објаснува за ефектите кои читањето ги има врз децата. Најзначајните придобивки од читањето се создавање на: зрели односи со луѓето, лични вредности, културен идентитет, физичка безбедност и сигурност, естетски преференци, сфаќањето на физичкиот свет.

Поттикнувањето на учениците и студентите да читаат е една од најдобрите основи за создавање на општествени промени. Воедно покажано е дека и библиотерапијата може да помогне во подобрување на комуникацијата, однесувањето и да ја намали агресијата кај децата со попреченост.

Кои се предностите од тоа да им се чита на децата?

~Подобра и посилна врска со вас
~Ќе им помогнете во нивните општествени предизвици
~Поттикнуваат концетрација и дисциплина
~Изложеност на нови искуства
~Ран академски успех
~Развивање основни говорни способности
~Читањето на глас на малите деца помага за мозочен развиток

Епилог:

~ „Ако сретнеме човек со редок интелект, треба да го прашаме какви книги чита.“ -Ралф Валдо Емерсон

~ „Добрите книги ви помагаат да разберете и помагаат да чувствувате разбрано.“ – Џон Грин

~ „Секогаш кога читате добри книги, некаде во светот се отвора врата за да влезе повеќе светлина.“ – Вера Назариан

Во продолжение погледнете го целосниот инфографик.

benefitsofreadinginfrographics-1

benefitsofreadinginfrographics-2

benefitsofreadinginfrographics-3

benefitsofreadinginfrographics-4benefitsofreadinginfrographics-5

benefitsofreadinginfrographics-5

benefitsofreadinginfrographics-6

benefitsofreadinginfrographics-7

Leave a comment