Зарем има човек кој не ја прочитал или не слушнал за легендарната книга „Малиот принц“? Зарем потребни се големи најави и воведи за книгата која ги стоплува сите срца, која прави возрасните да посакаат повторно да бидат деца и да ја вратат таа прекрасна детска способност се да можат да видат низ призмата на убавото и доброто?
Антоан де Сент-Егзипери можеби напишал само една книга за деца во својот живот, но таа книга е можеби најсаканата книга за деца на сите времиња. Велат дека „Малиот принц“ треба да се прочита (барем) три пати во животот: Еднаш кога е човек дете, еднаш кога е млад и еднаш во поодминати години. Секој пат ќе ја доживее книгата на сосема поинаков начин од претходниот.
Пред извесно време пишуваав за необичните и интересни факти за „Малиот принц“ и за нејзиниот писател.
Во тој пост, напоменав дека Егзипери самиот ги има нацртано оригиналните цртежи кои се појавуваат во сликата и тоа го направил со водени боици. Имено, библиотеката „Морган“ во Њујорк имаше изложба каде покрај првичната верзија и забелешките на писателот, ги покажа и оригиналните цртежи кои ги нацртал за „Малиот принц“.
Имено, во постот кој го споменав и погоре, имаше еден интересен факт, кој оди во прилог со денешниот пост, а се работи за оригиналната и грубата верзија на книгата. Еве еден извадок од постот:
„Една од најпопуларните книги на сите времиња имала многу чуден пат до своето издавање. Сент-Егзипери отишол да посети една свој пријателка пред да и’ се приклучи на армијата и се појавил кај неа дома фрлајќи една стара испарталена торба во којашто била завршната (груба) верзија од книгата заедно со илустрациите.
140 страни биле рачно напишани и целата верзија била хаотична, прозата била збиена, ракописот непрепознатлив и нечитлив, на хартијата имало дамки од кафе и траги од догорчиња. Тој всушност ја оставил книгата како подарок за збогум, велејќи: „Би сакал да можев да ти подарам нешто прекрасно, ама ова е се’ што имам.““
Во прилог можете да видете два цртежи. Едниот има дамка од кафе, а другиот е изгорен од цигара:


Во продолжение погледнете ги и останатите цртежи и уживајте!







![MA 2592.32 Saint-ExupeÌry, Antoine de, 1900-1944. Le petit prince et la main du pilote tenant un marteau [New York, 1942]](https://kafeiknigi.com/wp-content/uploads/2016/01/thelittleprince_morgan12.jpg?w=723)

