Книги кои треба да ги прочитате доколку ви се допаѓа серијата „Mr.Robot“!

„Mr.Robot“ е серија која започна да се прикажува минатата година и направи вистински бум во светот на телевизиските серии. Серијата го следи животот на еден млад програмер кој пати од анти-социјални нарушувања и создава врски и познанства преку хакирање. Кога ќе запознае некого, тој не комуницира како сите останати луѓе, наместо да ѝ поставува прашања на личноста за да ја запознае подобро, тој ѝ го хакнува компјутерот и сите електронски уреди за да дознае повеќе за неа.

Тој се бори и со паранојата и чувството дека постојано го следат. Преку ден работи како инженер за сабјер заштита, а преку ноќ е своевиден херој кој го прави светот побезбедно место за живеење. Така се запознава со еден анархист кој се нарекува себеси господин Робот, кој има своја замисла за тоа како треба да изгледа општеството, Америка и светот како таков.

mr-robot-key-art

Во 2015 година се прикажуваше првата сезона од серијата, а во 2016 ја очекуваме и премиерата на втората сезона. Доколку сте обожаватели на серијата, додека ја чекате премиерата на втората сезона, можете да ги погледнете овие книги кои сигурно ќе го задржат вашето внимание додека чекате.

1 . Нексус“ – Рамиз Наам

13642710

~ „Ние за себе мислиме дека сме индивидуалци, но сè што имаме постигнато и сè што ќе постигнеме во иднина е резултат на групи составени од луѓе кои соработуваат. Тие групи се организми во нивна посебна смисла.“

„Нексус“ е првата книга од трилогијата „Нексус“ која одлично ќе ви легне доколку ја сакате серијата „Господин Робот“ и особено ако сте обожавател на научна фантастика. Дејството во целата трилогија се врти околу едно ново апче кое се вика Нексус и поради кое луѓето можат телепатски да комуницираат преку бежичен интернет.

Луѓето создаваат апликации за оперативниот систем кој сега постои во нивните умови и можат да соработуваат подобро од кога било. Сепак, постојат и негативни страни при целиот овој процес, а тоа е дека умовите на луѓето можат да бидат хакнати и тие кои го немаат апчето сигурно ќе заостанат зад другите.

Наам во книгата ги истражува политичките и економските импликации од оваа нова технологија, додека светот се соочува со воена закана од пост-човечка револуција. На крајот од целата трилогија има посебно поглавје кое целосно ја објаснува целата наука и истражувањето околу книгата и е навистина интересна дури и за оние кои не го познаваат ова поле доволно.

2. (Р)еволуција“ – П.Џ.Мани

25207141

~ „Ние сме збир од сите наши искуства, нашите лекции, нашите успеси, нашите неуспеси, нашите љубови, нашите мразења, од раѓање до смрт. И ако тие спомени исчезнат, тогаш што? Кои сме ние?“

„(Р)еволуција“ се фокусира на новата технологија на Питер Бернхарт, која вклучува микроскопски нано-роботи кои се инсталираат во мозокот. Бернхарт е наместен за најголемото масовно убиство во историјата и мора да го навигира своето место помеѓу злобните корпоративни милијардери од клубот „Феникс“.

Писателката на оваа книга вели дека оваа книга во голем дел е инспирирана од песната на Пол Сајмон која се вика „The Boy in the Bubble“ и додава дека музиката игра голема улога во приказната, затоа што Бернхарт музички ги процесира информациите. На крајот од книгата е наведена плејлиста од 40 песни кои извршиле влијание врз авторката за да ја напише книгата. „(Р)еволуција“ е првата издадена книга од планираната трилогија.

3. Девојката во пајакова мрежа“ – Давид Лагеркранц

devojkata_vo_pajakova_mreza

~ „Секогаш погрешните луѓе имаат грижа на совест. На тие кои се навистина одговорни за страдањето во светот, навистина не им е гајле. Оние кои се борат за доброто се обземени со каење.“

Серијалот „Милениум“ кој направи вистински бум во светот на книжевноста повторно се враќа назад. Најновата книга „Девојката во пајакова мрежа“ сега можете да ја најдете и на македонски јазик во издание на ТРИ.

Омиленото хакерско-новинарско дуо (Лизбет Саландер и Микаел Блумквист) е повторно тука и е подготвено за нови авантури! Тој е во голема професионална и креативна криза, а таа повторно мистериозно се појавува и тоа на славен начин преку провалување во серверите на Националната безбедносна агенција (НСА). Ова е книга за потрагата по правдата и борбата против политичката и корпоративната корупција.

4. Сатенски остров“ – Том МекКарти

22543699

~ „Ако луѓето им кажуваа на другите луѓе буквално сè за себеси, ќе живеевме во многу досаден свет.“

Оваа книга нема толку врска со хакери, туку повеќе е насочена кон истражување на лудото влијание кое технологијата го има врз нашите животи. „Сатенски остров“ започнува на еден аеродром, во меѓупросторот. Воедно се запознаваме и со нараторот кој го знаеме само како У, кој работи како корпоративен антрополог и постојано ги користи своите разновидни електронски уреди.

Тој се наоѓа на најголемата крстосница помеѓу човечките и технолошките вмрежувања и тоа ја поставува климата за неговата задача за тој да го напише својот голем извештај. Оваа книга е чудна и користи најразлични методи за да истражи улогата на писателот и неговото истражување во време кога информациите се насекаде. Може да се поврзе со „Господин Робот“ со тоа што ја истражува корпоративната филозофија и ги става под знак прашалник наративите кои си ги поставуваме во нашите животи.

5. Хакер, измамник, укажувач, шпион: Многуте лица на „Анонимуси““ – Габриела Колман

20601080

Габриела Колман е професор по културна антропологија и многу детално ја истражува познатата и озогласена група на хакери кои себеси се нарекуваат „Анонимуси“. Таа со оваа книга навлага длабоко во културниот феномен на хакерските колективи, митските карактери на измамниците и етиката и метафизиката на хакирањето во глобала.

Покрај сите овие теми, таа се обидува и да создаде еден хуман портрет од комплексните поединци кои стојат позади групата. Оваа книга е всушност „Господин Робот“ во вистинскиот живот.

6. Темниот интернет: Во дигиталното подземје“ – Џејми Бартлет

19186421

~ „Сфатив дека самиот факт дека можеш да зборуваш за животот со други луѓе кои те разбираат и кои не осудуваат, прави да е полесно да не размислуваш за самоубиство секој пат кога работите стануваат лоши.“

Оние коишто ја паметат првата сцена од серијата веројатно знаат што е „мрачниот интернет“. Во секој случај, во оваа книга, Џејми Бартлет фрла ново светло на темната страна на интернетот и на работите кои можат да најдат на него. Тој во книгата зборува за Анонимусите, Исламската држава, крипо-валутите, додека ги истражува позитивните и негативните страни кои ни ги носи технологијата.

Leave a comment