Не треба многу најави за ликот и делото на Џ.Р.Р. Толкин! Тој со неговите дела „Господар на прстените“ и „Хобитот“ си резервираше место помеѓу легендите во светот на книжевноста. Речиси и да нема човек кој нема слушнато за овие две дела, особено откако популарната екранизација на Питер Џексон повторно ја популаризираше трилогијата „Господар на прстените“, но и „Хобитот“.

Во 1952 година, 60-годишниот Толкин, првпат се среќава со аудио-рекордер. Тоа резултирало со ретка аудио-снимка, која ќе можете да ја слушнете подолу, во којашто тој чита дел од „Хобитот“.
Толку му се допаднала оваа нова технологија, што продолжил да ја користи за да се снима себеси како ги чита своите дела. Како резултат на тоа, денес постои снимка од него како чита делови од „Господар на прстените“. Тоа е подарок од Толкин до сите оние кои го обожаваат магичниот свет кој тој го има создадено.
Сајтот Brain Pickings ги пронајде овие ретки аудио-снимки од Толкин во кои тој чита делови од неговите легендарни дела „Господар на прстените“ и „Хобитот“. Слушнете ги снимките и уживајте!
