Јелена Бачиќ Алимпиќ утре во „Матица“!

Познатата српска писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ утре ќе биде гостинка во книжарата „Матица“. Во периодот од 12-16 часот, на „Булеварот на книгите“, сите љубители на делата на Јелена ќе можат да се сретнат со неа, да добијат посвета на некоја од омилените книги и да ѝ постават неколку прашања за нејзините дела, а веројатно најпоставувано ќе биде прашањето кога ќе излезе вториот дел од трилогијата „Казна за гревот“.

Јелена Бачиќ Алимпиќ ги освои македонските читатели најпрво со книгата „Рингишпил“, книга која не остави еден нерасплакан читател. Потоа следуваа подеднакво успешните „Писмо до госпоѓа Вилма“ и „Последна пролет во Париз“, а моментално е актуелна со книгата „Ноќта кога дојдоа сватовите“, која е прва книга од најавената трилогија „Казна за гревот“.

Покрај можноста да се дружат со Јелена, читателите ќе уживаат и во попустите во „Матица“ како дел од нивниот традиционален зимски саем.

Книгите во рака и утре право во „Матица“!

12522971_1112405005466886_6172095753616572612_n

*Сликата е преземена од официјалната Фејсбук страница на Матица.

Leave a comment