Една од најпрекрасните глетки за љубителите на книги се огромните, преполни библиотеки кои содржат непроценливи и прекрасни книги. Досега имам неколку пати постирано статии за прекрасни полици и домашни библиотеки, за креативните начини како можете да ги уредите вашите полици, како и начини како да ги организирате самите книги на полиците. Пред некое време пишував и за прекрасните катчиња за читање кои можат да ве инспирираат да си создадете свое.
Денес повторно ви давам малку материјал за плакнење очи и уживање во прекрасни домашни библиотеки. Навистина се прекрасни и прават човек да посака веднаш да се фати за работа и да создаде една огромна домашна библиотека која ќе го краси целиот дом, додека во неа ќе ги става своите омилени дела и своето најголемо богатство – книгите.
Уживајте!