Ликот на Иво Андриќ осамна на мурал во Куба!

Иво Андриќ е најпознатиот писател кој излегол од овие простори. Тој е првиот и засега единствениот од овие простори кој ја добил Нобеловата награда за книжевност, доделена во 1961 година.

Во чест на книжевниот великан, белградскиот архитект Андреј Јосифовски решил да нацрта мурал со ликот на Иво Андриќ. Муралот се наоѓа на една фасада во Хавана, главниот град на Куба.

rep-mural_620x0

Освен ликот на Иво Андриќ, под него на кирилица го напишал и името на неговото најпознато дело „Мостот на Дрина“, односно „На Дрини ћуприја“, како што е и оригиналниот наслов на книгата.

Како што можете да видите на сликата, ликот на Иво Адриќ стои рамо до рамо со ликот на уште еден Нобеловец, легендарниот и секогаш контроверзен Ернест Хемингвеј. Под неговиот лик исто така стои името на неговот најпознато дело „Старецот и морето“, напишано на шпански јазик.

Инаку ликот и делото на Хемингвеј претставуваат своевиден култ во Хавана и Куба, бидејќи Хемингвеј поминал голем дел од животот таму и апсолутно бил заљубен во Куба. Кога го цртал муралот, голем број на луѓе застанувале да го гледаат и го прашувале повеќе за неговото дело, а тој им одговарал дека „Андриќ е нашиот Хемингвеј“.

Благодарение на талентот и креативноста на Јосифовски, ликот на Иво Андриќ осамна во Хавана, давајќи му признание на еден вистински веле-мајстор и магионичар со зборови. Нема ништо поубаво од тоа човек да види два светски великана како ја красат фасадата на една зграда во Хавана.

Доколку некогаш ја посетите Хавана и сакате да го пронајдете портретот на Иво Андриќ, тој се наоѓа на улицата „Мирамар“, која е прилично популарна во Хавана и позната по голем број хотели, ресторани, кафулиња и барови.

 

Leave a comment