Од утре зимски саем на книга во „Сити Мол“!

Обично немам навика да постирам два поста во еден ден, со цел да се избегне спамирање и натрупување информации, овој пат ќе направам исклучок, бидејќи само што разбрав за оваа прекрасна вест за сите љубители на книгите.

Зимата е прекрасен период, затоа што има многу попусти и зимски саеми. Еден од тие зимски саеми започнува утре, 30 јануари и ќе трае до 07 февруари. Зимскиот саем на книга е во организација на „Сити мол“.

12573049_977616518985028_5401421320899398296_n

На саемот ќе имате можност да купите книги од издавачките куќи како„Икона“, „Публикум Арт“, „Арс Ламина“, „Култура“, „Топер“, „Или-или“, „Ѓурѓа“, „Магор“, „Дијалог“, „Антолог“ и „Феникс“!

Книгите ќе бидат изложени на приземјето во „Сити Мол“.

Е па драги читатели, еве каде можете да се упатите во текот на следната недела, почнувајќи од утре!

На здравје подновувањето!

*сликата е преземена од официјална страна на Сити Мол на Фејсбук.

Leave a comment