Православните христијани денес го прославуваат св. Трифун, заштитникот на лозјата. Кај повеќето луѓе е познат и како денот на виното. На овој ден, се кројат лозјата и се наздравува за бериќетна и плодна година.
Во чест на св. Трифун, за денес одбрав неколку интересни мисли за виното за да се одбележи денот.
Честит празник!
~ „Смеата е вино за душата, нежна смеа или длабока и гласна, со примеси на сериозност – урнебесната декларација на човекот дека животот вреди да се живее.“ – Шон О’Кејси
~ „Јас сакам сѐ што е старо: стари пријатели, старите времиња, старите манири, старите книги и старите вина.“ – Оливер Голдсмит
~ „Пивото е создадено од човекот, виното од Бог.“ – Мартин Лутер
~ „Уште еднаш почувствував колку е среќата скромна и едноставна работа: чаша вино, печени костени, малечок сад за готвење и звукот на морето. Ништо друго.“ – Никос Казанцакис, „Гркот Зорба“
~ „Прифати го тоа што животот ти го нуди и обиди се да пиеш од секоја чаша. Сите вина треба да бидат пробани: некои само по малку, но некои треба да се испијат цели.“ – Пауло Коељо
~ „Готвам со вино, а понекогаш го ставам и во храната.“ – В.С. Филдс
~ „Дајте ми книги, француско вино, овошје, добро време и малку музика која доаѓа однадвор. свирена од човек кој не го познавам.“ – Џон Китс

~ „Музиката е вино која ја полни чашата со тишина.“ – Роберт Фрип
~ „Исто како и некои вина, нашата љубов не можеше ниту да созрева, ниту да патува.“ – Греам Грин
~ „Во виното и децата е вистината.“ – Платон
~ „Пијте вино. Тоа е вечен живот. Тоа е сѐ што младоста ќе ви даде. Сега е времето за вино, рози и пијани пријатели. Бидете среќни за овој момент. Овој момент е вашиот живот.“ – Омар Кајам
~ „Среќен. Облечен само во моите гаќи за капење, бос, со разбушавена коса, околу темниот црвен оган, пеејќи, пиејќи вино, плукајќи, скокајќи и трчајќи – тоа е начинот на којшто треба да се живее.“ – Џек Керуак
~ „Виното доаѓа во устата,
А љубовта во окото.
Тоа е сѐ што ќе знаеме како вистина
Пред да остареме и умреме.
Ја кревам чашата до устата,
Те погледнувам и воздивнувам.“ – В.Б.Јејтс
~ „Неговите усни пијат вода,
Но неговото срце пие вино.“ – Е.Е.Камингс
~ „Виното е едно од најцивилизираните работи и едно од најприродните работи на светот, кое е доведено до најголемото совршенство и нуди поголем спектар на задоволство и ценење од која било друга чисто сетилна работа.“ – Ернест Хемингвеј
