Инфографик: Каков бил процесот на пишување на најпознатите писатели?

Да се биде писател не е едноставна работа. Да се напише квалитетна книга е уште потешка работа. Потребно е многу време, инспирација, истражување и посветеност. Секој писател има свои методи и навики во процесот на пишување. Понекогаш тие се сосема нормални, понекогаш се малку неконвенционални. Но, очигледно е дека функционираат.

Во инфографикот што можете да го погледнете подолу, кој е поделен на засебни коцкички, на интересен начин се прикажани интересните навики и методи кои познатите писатели ги користеле при пишувањето. Прочитајте повеќе подолу. Под секоја коцкичка има и превод на македонски јазик.

weirdwritinghabitsinfographic2

Труман Капоти – Цигари и кафе

Труман Капоти е исклучително познат американски писател, најпознат по книгата „Ладнокрвно убиство“. Тој бил и прилично ексцентрична и контроверзна личност во американската јавност. Капоти наводно пишувал во лежечка позиција, со чаша шери во едната рака и молив во другата. Тој за себеси велел дека е „сосема хоризонтален писател“. Тој не можел да размислува освен ако не лежи, без оглед на тоа дали бил во кревет или оптегнат на каучот со цигара и кафе.

weirdwritinghabitsinfographic3

Џон Чивер – Чехов од предградието

Да објави збирка со кратки раскази во своите шеесетти години, за него, како американски писател, било традиционална и достоинствена можност, која во ниту еден момент не била засенета од фактот дека речиси сите раскази ги напишал додека седел во својата долна облека. Зошто да гужва одело кога можел да го направи истото во гаќи?

weirdwritinghabitsinfographic4

Франсин Проус – Пишувала додека била свртена кон ѕидот

Авторката на „Синиот ангел“ и претседателката на американскиот центар „ПЕН“ изјавила дека кога пишува ги носи црно-црвените долни карирани пижами на својот маж и обична маичка.

weirdwritinghabitsinfographic5

Ернест Хемингвеј – Не сака жештина

Хемингвеј на времето има кажано дека пишувал 500 зборови на ден, најчесто во текот на утрото, со цел да ја избегне жештината. Иако бил плоден писател, тој исто така знаел кога да запре. Во едно од своите писма до Ф. Скот Фицџералд (кој исто така е еден од најпознатите американски писатели и добар пријател на Хемингвеј, м.з) во 1934 година, тој напишал: „Пишувам една ремек-дело страница наспроти 91 страница чисто срање. Се обидувам да го фрлам срањето во кантата за ѓубре.“

weirdwritinghabitsinfographic6

Вилијам Фокнер – Бил инспириран да пие од Шервуд Андерсон

Додека пишувал, Фокнер пиел голема количина на виски. Сè почнало кога го сретнал Шервуд Андерсон. Тие обично оделе на место каде се служело алкохол и седеле до еден или два часот наутро, пиејќи алкохол. И тогаш помислил: „Ако тоа беше животот кој е потребен за да бидам писател, тогаш тоа беше животот за мене.“

weirdwritinghabitsinfographic7

Т.С. Елиот – Зелен вонземјанин

Во книгата „Т.С. Елиот: Модерен живот“, Линдал Гордон напишал дека во раните 20-ти години на 20-тиот век, писателот се одѕивал на името „Капетан Елиот“ во неговото скривалиште над издавачката куќа „Шато и Виндус“. Сепак, во едно друго скривалиште, посетителите биле замолени кај портирот да побараат човек кој е познат само како „Капетанот“. Кога ќе се качеле горе, лицето на Елиот било обоено во зелена боја за да изгледа како мртовец. А што да се каже? Човекот бил ексцентричен гениј со причина.

weirdwritinghabitsinfographic8

Фланери О’Конор – Намалената активност ѝ дозволувала да пишува два часа дневно

Таа пишувала два часа на ден, бидејќи толку ѝ дозволувала енергијата што ја имала, но сепак не дозволувала ништо да ѝ попречи во тие два часа. Секогаш пишувала два часа на истото место и во истото време. Бидејќи била дијагностицирана со лупус, секоја активност до крајот на нејзиниот живот ѝ била ограничена, па затоа седела додека била свртена кон празната површнина на нејзиниот дрвен ормар и не можела да биде деконцентрирана.

weirdwritinghabitsinfographic9

Владимир Набоков – Човекот обожавал картончиња

Повеќето негови книги биле напишани на малечки картончиња што биле уредно исечени и ставени во тенки кутии. Неговиот распоред бил флексибилен, но бил многу специфичен кога станувало збор за неговите инструменти: наредени картички Бристол и добро наострени, но не преостри моливи кои на нив имале гуми за бришење.

weirdwritinghabitsinfographic10

Еудора Велти – Сакала игли

Таа обично ја ставала приказната на една долга лента којашто може да се види целосно и од прв поглед – прилично корисно и реалистично. Кога приказните станувале преголеми за собата, таа ги земала и ги ставала на креветот или масата и ги прикачувала со игли… така можела да ги чита речиси во секоја насока.

weirdwritinghabitsinfographic11

Томас Вулфи – Исклучиво 10 страни на ден

Употребувал машина за пишување. Пишувал по десет страници на ден, околу 1800 зборови. Ако успеел да го заврши тоа за три часа, толку било пишување за тој ден. Тој пишувал додека се потпирал на фрижидер затоа што бил многу висок.

Извори:

weirdwritinghabitsinfographic12

 

Leave a comment