Буковски е еден од најинтересните и најконтроверзните ликови во поновата книжевна историја. Со неговото сирово, отворено и директно навлегување во најразлични теми за животот, љубовта, општеството и сексот, тој ги допира луѓето на најразличен начин.
За некои тој е пред своето време, за некои е вулгарен, а некои го обожаваат негоиот поинаков стил на пишување. Неговите книги како „Пошта“, „Свиња во виски“, „Фактотум“ и „Холивуд“ имаат извршено силно влијание во американската литература. Тој и ден денес е еден од најпочитуваните и најинтересни американски писатели.

Освен неговата проза, тој во текот на својот живот пишувал и поезија, која е подеднакво емотивна, полна со жар, меланхолија и длабоки чувства. Неговата поезија е едноставна, не е накитена со премногу епитети, но можеби и затоа е толку моќна и прекрасна.
Секогаш е интересно да се прочита, види или слушне како писателите и поетите ги интерпретираат своите дела и поеми, а Буковски не е исклучок.
Погледнете ги овие две видеа подолу и уживајте во харизмата, гласот и поезијата на Буковски.
