Објавен датумот за овогодинешниот Саем на книга!

Саемот на книга е еден од најголемите празници за љубителите на книги. Халата на Скопскиот саем е полна со магијата на пишаниот збор, полн со штандови од најразлични издавачки куќи кои ги нудат своите книги и им даваат  огромен избор на читателите.

Саемот на книга нуди попусти, нови изданија, промоции, поетски и книжевни читања, дружење со писатели и е најголемиот настан за книга во Република Македонија. На Саемот на книга учествуваат и издавачки куќи од другите држави кои исто така го претставуваат своето издаваштво.

Саемот на книга е дефинитивно најголемата и најзначајна културна манифестација која со нетрпение се очекува и секоја година е се посетена и се подобро организирана. Годинава ќе се одржи 28-то издание на Саемот за книга, а веќе го имаме и датумот на негово одржување. Саемот на книга ќе се одржи од 12.04 до 18.04.2016 година. Тоа значи дека средината на април ќе биде исполнета со книжевната магија и позитивна енергија.

1b9fc063f45fb3977908f94a6811952a

 

Засега нема други информации за Саемот на книга, но има време дотогаш. Кафе и книги ќе ги следи будно сите новости и ќе ви ги претставува како што пристигнуваат. Секоја новост и интересна информација ќе биде споделена на блогот.

Дотогаш, заокружете ги датумите на вашите календари и започнете со вашата листа на книжевни желби!

Leave a comment