Графикон: Која треба да биде вашата следна книга за читање?

Дали ви се случува понекогаш застој со читањето книги? Едноставно немате инспирација за следно четиво и не знаете која книга да ја побарате, па најчесто барате секаков начин да најдете нова интересна книга за читање…

Постојат толку многу прекрасни и квалитетни книги кои постојат и кои чекаат да бидат прочитани. Толку многу прекрасни книги, што треба многу време за да се прочитаат сите, а и човек да не знае која книга попрво да ја прочита.„Лајфхакер Австралија“ пред извесен период го објави графикот кој подолу ќе го видите, а кој ќе ви биде од голема помош да го изберете вашето следно четиво и да го побарате во нашите книжари и библиотеки.

Овој график е во форма на тест, каде што со одговарање на ДА/НЕ прашања во врска со жанрот за кој сте заинтересирани, ќе дојдете до предлог книга за вас. Графиконот помага да ја најдете совршената книга за вас во зависност од жанровите кои ги сакате, прашањата и темите за кои сте заинтересирани и секако стилот на пишување кој највеќе ви лежи. Инаку претежно се работи за книги од овој век, значи модерна литература.

bestbooks21stcentury2

bestbooks21stcentury1

Leave a comment