Прекрасни мисли од Мика Антиќ!

Мирослав Антиќ или уште повеќе познат како Мика Антиќ е еден од најпознатите српски поети. Освен со поезија, се занимавал и со новинарство, сликарство и филм. Студиите ги завршил во Белград, а живеел во Нови Сад.

Како режисер на филмови тој бил сметан за дел од „Црниот бран“ на југословенскиот филм. Режирал филмови како „Доручек со ѓаволот“, филм во кој тој ја критикува двојната моралност на комунистите во времето на Тито и филм кој бил забранет и уништен. Речиси сите негови филмови биле уништени, но повторно пронајдени некаде во крајот на 90-тите.

1270_mika20antic

Тој најмногу е познат како поет за деца и млади, но е воедно мајстор за опишување нежни и деликатни чувства. Во една прилика рекол: „Моите песни не се песни, туку писма за секој од вас. Тие не се во овие зборови, туку во вас, а зборовите се употребуваат само како клучеви, за да се отклучат врата зад кои некоја поезија, веќе доживеана, веќе завршена, веќе многу пати кажана, чека затворена некој да ја ослободи.“

Воедно бил познат како голем боем.

Неговата чувствителност и способност да навлезе толку длабоко во човековата душа преку прекрасни зборови е ненадмината. Кога го чита човек, се чувствува како тој да може преку песните да допре во сечија душа. Тоа е и причината заради која решив да издвојам неколку убави мисли од него. Имајте убав ден со оваа позитивна енергија на Мика Антиќ!

~ „Не знам со кого вие се дружите, но јас веќе неколку месеци, секогаш кога ќе седнам на некоја маса, слушам кукање. Се жалат луѓето за динарите, за цените, за пензиите, за ситуацијата тука или таму, за младите, за старите…. и кукаат. Се повеќе и повеќе ми станува подосадно да се гледам и да се среќавам. Па поубаво ми е да се затворам во својата соба…. да прелистам некоја чесна книга и уште малку да поверувам, ѓавол да го однесе, дека на светот има и убави работи… А ги има. Верувајте.“

„Јас сум собирач на необични работи.
Другите нека собираат значки и марки.
Јас собирам денови, часови и моменти.“

„Богат сум. Имам очи. Раце. И џебови полни со добри зборови.“

„Љубовта е како силата: Колку повеќе ја трошиш, толку повеќе ја имаш.“

„Усните постојат единствено
за да поделиш со некого нешто свое
И да ти шепотат со шепотот на огнот…
И немој никогаш да ги даваш
Ако не умеат да ти ги вратат
Потопли, помеки, помлади и послатки.
Затоа што усните само затоа постојат,
Да скројат насмевка според твојата насмевка.“

tumblr_mpjhzwjAbN1qjm0dlo1_500

„Ти си моето топло. Ќе те облечам тебе на себе,
за вака накиснат да не настинам од
студенилото на својот страв и осаменост.“

„Но, сепак со мене не се може, иако е необично.
Со мене е опасно да се посакува нешто, јас никогаш не се откажувам.“

„Не сонуваме сите исто
И тоа никому не смета.
А зошто им сметаме на сите
Кога сме поинаку будни?“

„1000 пати од утрово, те сакам како некогаш.
1000 пати од утрово, повторно ти се враќам.“

„Научи се да умееш да го плашиш својот страв, наместо стравот да те плаши тебе.
Научи се ти да ја здоболиш твојата болка, наместо болката да те боли тебе.
Научи се да умееш да ги водиш своите патишта, наместо патиштата да те водат тебе.
И научи да умееш да го живееш твојот живот, наместо тој да те живее тебе.“

„Еден бродолом повеќе или помалку,
за мене секако не ги менува работите
и нема влијание на моето виножито.“

„Потрпи го твоето време на моето. Вечноста подолго ќе вреди кога сме заедно.“

„Вечен е само оној кој нема поим што е тоа календар, часовник и историја. Привремените го измислиле времето.“

„Секогаш ми бегаш за едно вчера, секогаш си далеку за едно утре.“

„Би сакал сепак некаде да ги зачуваш моите далечни врвови на хоризонталата на твоето дно. И да ги пренесеш моите презрели очи низ тишината на туѓите очи и туѓите станови… и мојот октомври низ сите туѓи априли.“

„Навистина, ти мене толку прекрасно не ме познаваш.“

„За мене најубаво се грижат оние коишто ме оставаат на мир.“

„И се трпиме колку што можеме и лажеме дека се разбираме, се додека на крајот, заедно не стигнеме на истиот пат на две спротивни страни.“

„Размислувањето е најтешкиот начин за умирање.“

Leave a comment