Во понеделник, 21 март, светот ќе ја прославува магијата на поезијата. 21 март е официјалниот Светски ден на поезијата. Поети од целиот свет обединете се! 🙂 Понеделник ќе биде денот кога ќе се слават прекрасните стихови и легендарните поети кои со своите стихови будат секакви чувства кај луѓето. Самите нивни стихови се доволни човек да посака да се заљуби и да открие нови светови.

Македонија не е искучок од целиот свет, па така и ние се приклучуваме во славењето на легендарните стихови и на поезијата. Имајќи предвид дека имаме прекрасна поезија, Македонија и навистина има што да слави. Во пресрет на Светскиот ден на поезијата, за сите вљубеници во поезијата, ви презентирам 3 настани кои се поврзани со Светскиот ден на поезијата и кои навистина ќе ги израдуваат сите оние кои ја сакаат поезијата.
Прочитајте што ќе се случува во понеделник!
1. Плати со поезија – #PayWithPoetry
Кога: 21 март
Каде: Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае.
Што ќе се случува: Како што кажува и самиот блог, комбинацијата на кафе/чај и книги е една од најубавите комбинации на светот. По повод Светскиот ден на поезијата, Македонија за светскиот ден на поезијата по втор пат се приклучува на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, која се вика: „Плати со Поезија“.
Ако сте љубител на поезијата и сакате да пишувате стихови макар и за своја душа, упатете се во некое од наведените кафулиња и искористете ја шансата да го платите своето кафе или чај со своите стихови. Воедно ќе имате прилика и да се дружите со реномирани поети. Навистина е прекрасно тоа што Македонија се вклучува во оваа кампања која вклучува над 30 земји и повеќе од 1000 кафетерии низ целиот свет. Плати со поезија на 21 март!
Извор: Официјалниот настан на ФБ.
2. Поетско пладне по повод Светскиот ден на поезијата
Кога: 21 март, со почеток од 12 часот
Каде: Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Што ќе се случува: Македонскиот ПЕН центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со манифестацијата Поетско пладне традиционално ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата. Иван Заров, директорот на НУБ Иван ЗАРОВ, заедно со
Ермис Лафазановски, претседател на Македонски ПЕН Центар ќе имаат свое обраќање.
Свои стихови ќе читаат поетите и поетесите:Влада Урошевиќ, Ферид Мухиќ, Катица Ќулавкова, Гордана Михајлова Бошњаковска, Димитар Башевски, Ефтим Клетников, Владимир Мартиновски, Михаил Ренџов, Раде Силјан, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Санде Стојчевски, Паскал Гилевски, Весна Ацевска, Олга Арбуљевска, Бранко Цветковски, Илхами Емин и други.
Целиот настан ќе биде збогатен и со музички настап на женскиот камерен хор „Херувими“ од Скопје, а посетителите ќе имаат можност и да го посетат мини саемот. Заради големиот интерес за книгите од едицијата 135 тома „Македонска книжевност“ , НУБ повторно ќе организира продажна изложба. Модератор на настанот ќе биде: Владимир Мартиновски.
3. Светски ден на поезијата
Кога: 21 март, со почеток од 20 часот
Каде: МКЦ бифе
Што ќе се случува: Младинскиот културен центар традиционално, како и секоја година ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со поетско читање на кое со своја поезија ќе се претстават: Владимир Лукаш, Биљана Стојановска, Николина Андова Шопова, Андреј Ал Асади, Снежана Стојчевска, Исток Улчар, Митко Апостолов, Александра Спасеска, Моника Стојановска и Ѓоко Здравески. Воедно, доколку има заинтересирани кои сакаат да прочитаат некои свои стихови, можат да се пријават за тоа на самиот настан.
