Македонска поезија: „Кога ја љубев Дениција“ од Петре М. Андреевски!

Денес е 21 март, Светскиот ден на поезијата! Денес е денот кога ги славиме легендарните поети и поетеси, прекрасните стихови кои не’ расплакувале, разнежувале или усреќувале. А има ли подобар начин да го прославиме Светскиот ден на поезијата од споделување на македонска поезија и тоа токму од Петре М. Андреевски?

„Кога ја љубев Дениција“ е една од најпознатите македонски поеми. Можеме на некој начин да кажеме и дека е своевидна химна на љубовта. Оваа поема би стоплила и камен, а не пак човечко срце.

Затоа во чест на поезијата, љубовта и романтиката, македонска поема за овој круг на споделување македонска поезија е „Кога ја љубев Дениција“! Уживајте!

Кога ја љубев Дениција – Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
Како да учествував во создавањето
На првата Македонска Држава.

black-and-white-couple-love-paris-Favim.com-2146857

 

 

Leave a comment