Видео: Наскоро ќе биде пуштен биографскиот филм за Ернест Хемингвеј!

Ернест Хемингвеј е еден од најгенијалните писатели во американската литература. „Старецот и морето“ е книга која денес е вистински класик кој мора да се прочита. Покрај тоа, Хемингвеј е прилично интересен и контроверзен лик. Целиот свој живот се борел со алкохолизам и депресија и за жал на крај си го одземал сопствениот живот.

Продуцентската куќа „Јари филм груп“ неодамна го издаде трејлерот за биографскиот филм за Ернест Хемингвеј, „Тато: Хемингвеј во Куба“. Филмот го следи животот на Хемигвеј во Куба, каде што тој живеел неколку години. Многу малку луѓе не знаат дека Хемингвеј бил едноставно заљубен во Куба и ја обожавал и земјата и народот во неа.

papa

Во филмот, еден млад новинар (Џовани Рибиси) му пишува писмо на својот идол, Ернест Хемингвеј (Адријан Спаркс). Хемингвеј за возврат му одговара со покана да му дојде на гости во Куба и младиот обожавател доаѓа токму на време да види како силите на Фидел Кастро ја освојуваат државата.

Револуцијата на Кастро заврши во 1959 година и оттогаш започна неговото владеење со Куба. Хемингвеј, кој има 60 години во тоа време, извршува самоубиство по само 2 години.

Делови од филмот се снимани во Куба, на природни локации. Ова е голема вест, бидејќи ова е прв пат по револуцијата на Кастро, филм од Холивуд да биде снимен во Куба.

„Тато: Хемингвеј во Куба“ е режиран од Боб Јари и е напишан од Дени Барт Петитклерк. Официјалната премиера во САД ќе биде на 29 април.

Во продолжение погледнете го и трејлерот за филмот:

https://youtu.be/lPnTrjYUXvY

 

Leave a comment