Листа за читање за идните новинари!

Читање книги е многу важно за сите, особено за новинарите. Читањето книги е извор на информации, мотивација, одлични се за збогатување на вокабуларот и прошитување на видиците. Еден од најреномираните портали за новинарство, Columbia Journalism Review, замоли неколку истакнати професионалци од полето да ги споделат книгите кои би ѝ помогнале на следната генерација новинари да бидат подобри набљудувачи, мислители и раскажувачи на приказни. Листата е малку скратена, односно ги извадив само првите неколку предлози, а доколку ја сакате целосната листа, можете да ја видите тука.

Се разбира, листата може и треба да служи како инспирација за секој тип на читател. 🙂

journalisttyping

Препораките на Николас Леман, Деканот на факултетот за новинарство на Универзитетот Колумбија

Лондонската работничка класа и лондонската сиромаштија“ – Хенри Мејхју

Коментар: Иако тој не бил новинар, тој на еден своевиден начин го измислил известувањето за социолошките урбани профили, една од најдобрите и најиздржливите новинарски форми.

Ценетиот провинцијалец во Париз“ – Оноре де Балзак

Коментар: Ако некогаш сте примамени од мислата дека денешното новинарство е паднато под сите можни стандарди, прочитајте ја книгава.

Берлинскиот дневник“ – Вилијам Ширер

Коментар: Оваа книга е делумно дневник, а делумно е транскрипт од неговите радио извештаи за CBS и е потсетник за тоа како секојдневно се чувствувале луѓето на почетокот на Втоrата светска војна и неуморната енергија и храброст на еден репортер додека си ја врши својата работа.

Лов на китови“ – Џонатан Харис

Коментар: Сите зборуваат за потенцијалот на нови форми на „новинарско раскажување“ во онлајн сферата, но ниту еден човек што го знам не произвел вакво ремек-дело од областа на визуелното новинарство.

Препораките на Елизабет Колберт, новинар во „Њујоркер“

Песната на Додо – Дејвид Квамен

Коментар: Тој зема една многу тешка тема (островска биогеографија) и ја трансформира во прекрасна приказна. Тој е неверојатен  новинар и прекрасен раскажувач на приказни и секој новинар може само да учи од него.

Пустинска осаменост“ – Едвард Еби

Коментар: Еби е редок бисер и ретко се појавуваат такви како него. Оваа прекрасна приказна за американскиот југо-запад треба да се препрочитува секоја декада.

Препораките на Џон Темпле, уредник во „Хонолу цивил бит“

Затвореник без име, ќелија без број – Џакобо Тимерман

Коментар: Оваа книга ја открива храброста на новинарите  и како е возможно да ја задржиме хуманоста кога се соочуваме со злото.

Работите коишто ги носеа – Тим О’Брајан

Коментар: Лекција за пишување, за важноста на деталите при пишување на приказна. Ги учи новинарите да гледаат, бараат и да запаметуваат.

Препораките на Мет Велч, уредник во „Ризон“

Собраните есеи, новинарство и писма“ – Џорџ Овел (м.з – има 4 дела: 1, 2, 3, 4)

Коментар: Оваа книга ни ја покажува пресметката којашто сме подготвени да ја направиме за да бидеме некомпромисно искрени и перцептивни мислители за најважните прашања на денешницата.

Ако имаш лимон, направи лимонада“ – Варен Хинкли

Коментар: Зборува за бранот кој ја инспирираше новинарската револуција во Америка.

Препораките на Патриша Калхоун, уредник во „Вестворд“

Ладнокрвно убиство“ – Труман Капоти

Коментар: Оваа книга сè уште ги претставува златните стандарди на пишувањето вистински криминални приказни, дури и покрај тоа што има мало искривување на фактите.

Обработка – Марк Твен

Коментар: Оваа книга е за чистото уживање што го пружа пишувањето и давањето смисла на работите и местата.

Leave a comment