Како што досега веќе пишував, боенките за возрасни земаат се поголем замав и популарност. Одлични се за релаксирање и поттикнување на креативноста. Сите обожаватели на популарниот серијал „Хари Потер“ во 2015 година беа израдувани кога излезе првата боенка инспирирана од Хари Потер.
Сега обожавателите на „Хари Потер“ повторно можат да се радуваат, затоа што во паузите кога не ги препрочитуваат книгите или кога не си прават филмски маратон со филмовите, можат да бојат во дури две боенки за возрасни кои излегоа пред неколку дена. Двете нови боенки се „Магичните места и ликови од „Хари Потер““ и „Постери од „Хари Потер““.

Сигурно оваа вест ќе биде весело дочекана од сите обожаватели кои се чини дека никогаш не им е доста од секакви новости поврзани со нивниот омилен серијал. Боенката „Постери од „Хари Потер““ содржи 20 страници со црно-бели постери, додека пак „Магичните места и ликови од „Хари Потер““ е потрадиционална боенка која се фокусира на различните луѓе и места кои се појавуваат во магичниот свет на Хари Потер. Денес можете да ѕирнете во страниците од боенката „Магичните места и ликови од „Хари Потер““.



*Сите права припаѓаат на © & ™ Warner Bros. Entertainment Inc. Harry Potter Publishing Rights © JKR.
