Најдобрите книги на сите времиња според 125 познати писатели!

Дебатите околу тоа кои се најдобрите книги на сите времиња најверојатно никогаш нема да престанат. Има толку многу книги кои имале и сè уште имаат огромно влијание врз човештвото и севкупната уметност, што е многу тешко да се определи кои се најдобрите.

Има милион различни листи од милион различни критичари, познати личности, влијателни списанија, весниици и телевизии кои исто така зборуваат за тоа кои се најдобрите книги на сите времиња. Претходно веќе имам пишувано за листата на најдобри книги во британската литература, како и за 100-те  најдобри книги на на англиски јазик според „Гардијан“. Денес ви претставувам една интересна листа на најдобрите книги на сите времиња која е производ од книгата „Најдобрите 10: Писателите ги одбираат своите омилени книги“ чиј уредник е Џ. Зејн.

Во суштина, идејата на оваа книга е да се направи сублимат од најдобрите книги според 125 писатели. Писателите како Дејвид Мичел, Стивен Кинг, Клер Месуд, Џојс Керол Оутс, Норман Мејлер и други ценети писатели на денешницата ги споделуваат најдобрите книги според нивното мислење со цел да се состави ранг-листа од најдобрите книги на сите времиња, вклучувајќи книги, поеми, драми или збирки со раскази.

Преку систем на листи и поени, на крај се сумираат резултатите и се составува листата со книги кои имале највеќе поени. Освен тоа што дава креативен и интересен увид за тоа кои се најдобри книги на сите времиња, оваа книга му овозможува на читателот да види кои дела ги обликувале умовите на некои од најдобрите писатели и писателки на денешницата.

Книгата е поделена и содржи неколку „Најдобри 10“ категории:

  • Најдобрите 10 книги на сите времиња
  • Најдобрите 10 книги на 20 век
  • Најдобрите 10 книги на 19 век
  • Најдобрите 10 книги на 18 век
  • Најдобрите 10 книги на 16 и 17 век
  • Најдобрите 10 книги до 15 век
  • Најдобрите 10 книги од живи писател(к)и
  • Најдобрите 10 книги од американски писател(к)и
  • Најдобрите 10 кнниги од британски писател(к)и
  • Најдобрите 10 книги од руски писатели
  • Најдобрите 10 книги од француски писатели
  • Најдобрите 10 мистерии и трилери
  • Најдобрите 10 стрипови
  • Најдобрите 10 фантазии и научно-фантастични книги

Денес одбрав на блогот да претставам неколку категории, а сите „Најдобри 10“ категории можете да ги погледнете тука. Воедно на веб-страницата можете да видите и најдете и други листи и информации со оглед на тоа дека одвреме-навреме се внесуваат некои нови листи, нови „Најдобрите 10“ од познати писатели и слични интересни работи.

Инаку, ќе забележите дека кај некои листи има и промени, односно некои се искачиле на повисоко место, некои паднале на листите и слично. Јас ги доставувам во првичната верзија, а обновените листи (иако нема некоја значителна разлика) можете да ги видите на веб-страницата. Имате можност и да си ја порачате книгата онлајн, бидејќи има можност за достава.

Освен тоа што оваа книга уште повеќе ја вжештува целата дебата за најдобрите книги на сите времиња, нуди и инспирација за тоа што да читате следно, а верувам дека одлично ќе ви послужат овие листи како инспирација, токму пред претстојниот Саем на книга.

Погледнете некои од листите:

Најдобрите 10 книги на сите времиња:

  1. Ана Каренина“ – Лав Толстој
  2. Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер
  3. Војна и мир“ – Лав Толстој
  4. Големиот Гетсби“ – Ф.Скот Фицџералд
  5. Лолита“ – Владимир Набоков
  6. Мидлмарч“ – Џорџ Елиот
  7. Авантурите на Хаклбери Фин“ – Марк Твен
  8. Хамлет“ – Вилијам Шекспир
  9. Приказните на Антон Чехов
  10. Моби Дик“ – Херман Мелвил

Најдобрите 10 книги на 20 век:

  1. Лолита“ – Владимир Набоков
  2. Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд
  3. Во потрага по изгубеното време“ – Марсел Пруст
  4. Улис“ – Џејмс Џојс
  5. Даблинци“ – Џејмс Џојс
  6. 100 години самотија“ – Габриел Гарсија Маркес
  7. Врева и бес“ – Вилијам Фокнер
  8. Кон светилникот“ – Вирџинија Вулф
  9. Комплетните приказни на Фланери О’Конор
  10. Абсалом, Абсалом!“ – Вилијам Фокнер

Најдобрите 10 дела на 19 век:

  1. Ана Каренина“ – Лав Толстој
  2. Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер
  3. Војна и мир“ – Лав Толстој
  4. Мидлмарч“ – Џорџ Елиот
  5. Авантурите на Хаклбери Фин“ – Марк Твен
  6. Приказните на Антон Чехов
  7. Моби Дик“ – Херман Мелвил
  8. Големите очекувања“ – Чарлс Дикенс
  9. Злосторство и казна“- Фјодор Достоевски
  10. Браќата Карамазови“ – Фјодор Достоевски

Најдобрите 10 мистерии и трилери:

  1. Долгото збогување“ – Рејмонд Чендлер
  2. Убиецот во мене“ – Џим Томпсон
  3. Црвениот змеј“ – Томас Харис
  4. Големата дремка“ – Рејмонд Чендлер
  5. Мислител, кројач, војник, шпион“ – Џон Ле Каре
  6. Малтешкиот сокол“ – Дашиел Хамет
  7. Милдред Пирс“ – Џејмс М. Кејн
  8. Поштарот секогаш ѕвони двапати“ – Џејмс М. Кејн
  9.  „Кога јагнињата ќе стивнат“ – Томас Харис
  10. Сите плаќаат“ – Ендру Вакс

Бонус категории:

Најдобри писатели според тоа колку од нивните книги биле вклучени на листите:

  1. Вилијам Шекспир — 11
  2. Вилијам Фокнер — 6
  3. Хенри Џејмс — 6
  4. Џејн Остин — 5
  5. Чарлс Дикенс — 5
  6. Фјодор Достоевски — 5
  7. Ернест Хемингвеј  — 5
  8. Франц Кафка — 5
  9. (нерешено) Џејмс Џојс, Томас Ман, Владимир Набоков, Марк Твен, Вирџинија Вулф — 4

Најдобри писатели според вкупно добиени поени:

  1. Лав Толстој — 327
  2. Вилијам Шекспир — 293
  3. Џејмс Џојс — 194
  4. Владимир Набоков  — 190
  5. Фјодор Достоевски  — 177
  6. Вилијам Фокнер — 173
  7. Чарлс Дикенс — 168
  8. Антон Чехов — 165
  9. Гистав Флобер — 163
  10. Џејн Остин— 161

Leave a comment