Најпознатите класици сумирани во неколку зборови!

Немаат сите луѓе време за читање, особено во денешното хаотично време во кое живееме. Особено кога се работи за големи книги. А да бидеме искрени, кај многумина е присутна и мрзеливоста.

Карикатуристот Џон Аткинсон реши да им помогне на мрзеливите и зафатените. Тој преку неколку илустрации, на интересен и комичен начин ги сумира најголемите класици во една, две, три куси реченици. И тоа го прави прилично успешно.

Подолу можете да ги видите илустрациите, а јас најпрво ги преведов на македонски јазик.Се разбира, ова не значи дека не треба да се прочитаат книгите или дека тоа се препорачува, туку дека ова е само еден забавен начин да се долови поентата на некои од најпознатите дела во литературата.

Напомена: описите содржат „спојлери“, такашто ако не сте ги прочитале и не знаете што се случува во книгите, можеби не би сакале да си го расипете задоволството, но од друга страна, не се ни толку страшни. На оние кои ги имаат прочитано книгите верувам дека ќе им биде забавно.

Војна и мир“ од Лав Толстој: „Сите се тажни. Паѓа снег.“

Плодови на гневот“ од Џон Штајнбек: „Земјоделието е тапа. Патување! Патувањето е тапа.“

Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес: „Типот напаѓа ветерници. Патем, тој е луд.“

И сонцето изгрева“ од Ернест Хемингвеј: „Изгубената генерација се пијанчи. Се уште се изгубени.“

Моби Дик“ од Херман Мелвил: „Човекот наспроти китот. Китот победува.“

Улис“ од Џејмс Џојс: „Даблин, нешто, нешто, нешто, реченица без крај.“

Одисеја“ од Хомер: „Воен ветеран на кој му треба вечност да се врати дома, а потоа ги убива сите.“

Оркански височини“ од Емили Бронте: „Скоро брат и сестра се заљубуваат. Магливо е.“

Валден“ од Хенри Дејвид Торо : „Човек две години седи надвор. Ништо не се случува.“

Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски: „Убиецот има грижа на совест. Признава. Оди во затвор. Се чувствува подобро.“

Беофулф“: „Херојот го убива чудовиштето. Бла, бла, бла, бла. Змејот го убива херојот.“

Пеколот“ од Данте Алигиери: „Се оди по ѓаволите.“

Во продолжение погледнете ги илустрациите:

 

super-short-classic-books-comics-wrong-hands-john-atkinson-1

super-short-classic-books-comics-wrong-hands-john-atkinson-2

Leave a comment