Конечно го добивме овогодинешниот добитник на Пулицерова награда за белетристика. Добитникот на оваа престижна награда за 2016 година е Виет Тан Н’Гујен за неговото дело „Симпатизерот“.

Виет Тан Н’Гујен е роден во Виетнам, но пораснал во Америка. Неговите приказни се појавувале во најразлични магазини и е автор на академската книга „Расата и отпорот“. Тој предава англиски јазик и американски студии на Универзитетот во Јужна Каролина и живее во Лос Анџелес.
Делото за кое ја доби наградата е изненадувачка и прекрасно изработена дебитантска книга. „Симпатизерот“ е приказна за човек на два ума, човек чии политички уверувања се во директен судир со неговите индивидуални лојалности.

(добитникот на Пулицеровата награда за 2016 година)
Ова книга нуди многу важна и досега непозната перспектива за војната во Виетнам: Перспективата на збунетиот комунистички симпатизер. Оваа прекрасна книга нè внесува во умот на двојниот агент, човек чии идеали бараат од него да ги предаде луѓето кои му се најблиски. Книга во која има шпионажа, анализа на екстремните политики и љубовна приказна и воедно книга која го истражува животот меѓу два света и го анализира наследството на Виетнамската војна во книжевноста, филмот и војните кои се водат денес.
Освен престижното признание, победникот добива и парична награда од 10.000 долари.
Оваа година, покрај победникот, во најтесниот круг за добивање на Пулицеровата награда беа и Маргарет Вербл за „Патот на Мод“ и „Во неволја“ од Кели Линк.
Информациите се преземени од официјалната страница на Пулицеровите награди.
