Албер Ками е еден од најценетите писатели на сите времиња. Овој француски филозоф и писател секогаш знае како да допре до длабочините на човековата душа и ум и да направи човек да си го преиспита целиот свој живот. „Странецот“ е едно од задолжителните четива што морате да ги прочитате во животот, по можност и неколку пати.
Кога Ками бил бебе, неговиот татко загинал во битка во Втората светска војна. Тој и неговиот брат биле израснати од нивната неписмена, речиси глува мајка и деспотска баба и имале речиси никакви шанси за просперитетна иднина. Но, сепак, судбината сакала работите поинаку да се случат. Професорот Луи Гермајн видел во младиот Албер нешто посебно и посветил многу време и труд на неговото образование. Се трудел што е можно повеќе да го поттикне да работи, да учи и да се надоградува.
Под закрилата на својот професор, Ками успеал да се издигне од лошите услови во кои живеел и да стане еден од најголемите книжевни генијалци. Во 1957 година, Ками станал втората најмлада личност што ја добила Нобеловата награда, (по Радјард Киплинг) која му била доделена заради „чистата искреност“ во неговите дела кои „ги осветлуваат проблемите на човековата совест.“

На 19 ноември 1957 година, само неколку денови откако ја добил најпрестижната награда на светот, Ками му испратил писмо на својот драг професор и ментор. Прочитајте го писмото во продолжение.
19 ноември, 1957 година
Драг господине Гермајн,
Оставив целиот хаос околу мене малку да спадне пред да Ви се обратам од длабочините на моето срце. Мене ми е дадена преголема чест, чест што ниту ја барав, ниту ја поттикнував. Но, откако ги слушнав вестите, покрај мајка ми, Вие прво ми паднавте на памет. Без Вас, без Вашата подадена и грижлива рака на малото и сиромашно дете, какво што бев јас, без Вашето учење и Вашиот пример, ништо од ова немаше да се случи.
Не правам голема работа околу оваа чест. Но, ако ништо друго, таа ми ја дава можноста да Ви кажам што бевте и што сте за мене и да Ве уверам дека Вашите напори, Вашата работа и Вашето дарежливо срце кое го вложивте, сè уште живее во еден од Вашите ученици, кој и покрај годините, никогаш не престана да биде Ваш благодарен ученик.
Ве прегрнувам со сето мое срце.
Албер Ками
Дефинитивно се работи за прекрасно писмо, а во продолжение погледнете го и видеото во кое познатиот актер Бенедикт Камбербач го чита неговото писмо.
