За некои луѓе, љубовта кон книгите се раѓа уште за време на детството. За други, оваа љубов започнуваат да ја негуваат малку подоцна во животот. Но, науката одамна започна да ги истражува ефектите кои читањето ги има врз мозокот.
Тие правеа истражувања, вршеа испитувања и скенирања на мозокот, правеа анкети и се тоа за која цел? Истражувањата кои беа спроведени во последните неколку години на научниците им дадоа многу интересни информации за читателите на книги и за тоа каков тип на книги треба да читаат!

До кои заклучоци дошла науката?
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои читаат фикција се поемпатични и посочувствителни кон другите луѓе. Со тоа што се внесуваат во некоја приказна, читателите привремено се ставаат во кожата на ликот и согласно тоа, колку повеќе приказни читате, толку повеќе кожи имате пробано. Тоа е прекрасен увид во светот на читањето.
Во 2012 година, Универзитетот Станфорд направил истражување за тоа зошто е тоа така. Според неврологот Боб Доерти:
„Правилните шаблони на мастилото на една страна можат да создадат умествени слики и да всадат моќни емоции.“
Вашиот мозок прави прекрасни работи додека читате, а опсегот на тие работи е се уште под лупата на истражувачите. И ставајќи се себеси во светот на книгата, вам ви е дадена шансата да искусите нешто ново, нешто коешто може да биде корисно при вашата интеракција со други луѓе.
Вашиот мозок прави прекрасни работи додека читате, а опсегот на тие работи е се уште под лупата на истражувачите. И ставајќи се себеси во светот на книгата, вам ви е дадена шансата да искусите нешто ново, нешто коешто може да биде корисно при вашата интеракција со други луѓе.
Оваа сочувствителност особено била забележана кај книгите додека читале некои од книгите од серијалот „Хари Потер“. Направен е и еден друг експеримент, во кој се направени три истражувања со цел да се тестира тезата дали проширениот контакт низ читањето на популарите книги од серијалот „Хари Потер“ го подобрува ставот и однесувањето кон стигматизирани и маргинализирани групи.

Заклучокот на истражувањето било дека децата кои се идентификувале со Хари Потер како лик реагирале на неговата симпатија кон маргинализираните групи во книгата и станале посочувствителни и кон слични групи во модерното општество во коешто живеат. Но, ова било докажано откако овие врски им биле објаснети на децата и се работело за децата кои се идентификувале со ликот на Хари Потер.
Што значи сето ова?
Секако, ние создаваме слики во нашите глави додека ги читаме приказните, ние се внесуваме во стилот на пишување, сочувствуваме со ликовите во нашите книги, но освен серијалот „Хари Потер“, кои книги треба да ги читаме за да ги максимизираме овие когнитивни привилегии?
Авторите на едно друго истражување, Дејвид Комер Кид и Емануел Кастањо, го поставиле ова прашање, но исто така заклучиле дека вашиот избор за читање е многу важен. Кастањо го објаснил ова за порталот Mic.com:
„Ние веруваме дека една клучна разлика помеѓу литературната и популарната фикција е длабочината до која оди комплексноста на ликовите, нивната различност, тешкотијата за да се навлезе и запознае ликот, итн., наспроти стереотипноста и едноставноста…“
За време на нивното истражување, тие откриле дека читателите на литературна фикција добиваат повеќе емпатични предности од читањето за разлика од оние кои читаат популарна фикција или нефикција. Терминот „литературна фикција“ делува произволно, но Кид и Кастањо објаснуваат дека литературната фикција го означува нивото на комплексност во приказнте и нивните ликови (или барем тоа е објаснувањето во контекст на нивното истражување).
Во „50 нијанси на сиво“, на пример, ликовите се изложени. Тие регираат еден на друг и на својата околина. Ова не значи дека ликовите се едноставни или лесни, но тие едноставно не ги будат истите комплицирани и необични чувства кои човек ги искусува со Ник Каравеј како наратор во „Големиот Гетсби“.

Читањето во глобала помага за развивање на сочувствителноста, но книжевното читање го зголемува овој ефект. Со читањето на книга која е попредизвикувачка, вие не само што станувате попаметна личност, туку станувате и посочувствителни. Литературата не е секогаш лесна, но со обидите да се справиме со потешки книги, ние создаваме нови врски во нашите умови, кои можеби не би ги поседувале.
Исто како што отворањето на прозорец го правите за да пуштите да влезе свеж воздух во вашиот дом, така литературата ги отвора наште умови за мноштвото идеи кои не би можеле сами да ги искусиме. Па така, следниот пат кога ќе завршите со читањето на омилениот трилер, размислете за неговата содржина. Одвоете еден момент за да ги анализирате искуствата кои се опишани исто како да биле ваши. И следниот пат кога ќе бирате нова кнга за читање, изберете потешка книга.
Вашиот мозок ќе ви биде благодарен.
