Дали овој трик може да ви помогне побрзо да читате?

Ако мислите дека немате доволно време да читате, авторот и тренер за лидерски вештини, Питер Брегман има совет за вас. Брегман има развиено метод за читање со кој читањето е побрзо за дури четири пати и тоа без да се намали способноста за разбирање на книгата, односно да не се пропуштат главните поенти и цели на книгата.

7nmljzys

Идејата на Брегман се има родено од неопходност, бидејќи тој им правел интервјуа на многу писатели за потребите на неговиот подкаст и едноставно морал да најде начин побрзо да ги чита книгите. Така, Брегман измислил метод во неколку чекори за брзо читање на книги. Според Quartzима две финти околу овој метод:

1) Важи само за нефикција, биографии и стручна литература.
2) Намерно прави да прескокнувате некои делови од книгата.

А како функционира овој метод можете да прочитате и сами, бидејќи Брегман го има детално објаснето во The Harvard Business Review.

1. Започнете со авторот. Кој ја напишал книгата? Прочитајте ја неговата/нејзината биографија. Ако најдете некое кратко интервју или онлајн статија за авторот, прочитајте ги набрзина. Ќе ви даде чувство за убедувањата и гледната точка на авторот или авторката.

2. Прочитајте го насловот, поднасловот, предната корица и содржината. Која е големата слика која стои зад книгата? Како се изложени аргументите и по кој редослед? Откако ќе го направите ова, по овој чекор најверојатно веќе ќе можете да ја опишете главната идеја која стои зад книгата.

3. Прочитајте ги воведот и заклучокот. Авторот ја брани својата теза во самиот вовед и во заклучокот од книгата. Брзо прочитајте ги овие две поглавја од збор до збор. Веќе ќе имате генерална слика за правецот во кој се движи авторот или авторката, а овие поглавја ќе ви кажат како планираат да стигнат до патот којшто им е зацртан (воведот) и што се надеваат дека ќе постигнат со тоа (заклучокот).

mtiymjkzmjg1mjiwotm2otg1

4. Поминете низ секое поглавје. Прочитајте го насловот на поглавјето и секој збор почнувајќи од првите неколку целини до првите неколку страни од поглавјето, за да откриете во која насока го користи авторот ова поглавје и каде може да се вклопи во генералната теза на книгата. Потоа поминете низ заглавјата и подзаглавјата (ако ги има) за да имате некоја течност при читањето.

Прочитајте ги првата и последната реченица од секоја целина. Ако сфаќате што сака авторот да каже, продолжете понатаму. Ако не ви е нешто јасно, прочитајте ја целата целина. Откако ќе го разберете значењето на поглавјето, можете и да ги прерипнете останатите страни, затоа што веќе го имате главниот аргумент и истиот може пак да се повторува.

5. Завршете повторно со содржината. Откако ќе ја завршите книгата, вратете се на содржина и направете едно сумирање во главата. Земете неколку моменти за одново да го проживеете текот на книгата, аргументите кои биле прикажани, приказните кои сте ги запаметиле и патувањето низ кое сте поминале заедно со авторот.

Брегман вели дека ја развил оваа стратегија со професорот Мајкл Хименес, специјалист за латиноамериканска историја. Тој вели дека овој метод му овозможува простор да прочита книга за 1/4 од времето кое нормално е потребно и дека сега чита 10 пати повеќе книги од претходно. Бројките малку и некако не се поклопуваат, но ќе му веруваме на зборот.

Како негативна страна, Брегман вели дека овој тип на читање бара постојано внимание и дека нема да ве опушти. Но, се поставува и прашањето, дали овој тип на читање може воопшто да се класифицира како читање?

 

Leave a comment