Џорџ Р.Р. Мартин објави уште едно поглавје од „Зимски ветрови“!

Обожавателите на книжевниот серијал „Песна за мразот и огнот“, како и оние кои верно ја следат серијата „Игра на тронови“, беа многу разочарани кога Џорџ Р.Р. Мартин објави дека нема наскоро да ја заврши шестата книга од серијалот, насловена како „Зимски ветрови“. Тој тогаш изјави: „Да, имам напишано многу. Стотици страници, повеќе од 12 поглавја… Но, сè уште има многу да се пишува… имам уште многу месеци пред мене и тоа ако добро оди пишувањето.“

160223-s6-key-art-1920x700

И покрај разочарувањето на обожавателите, вчера Мартин реши да ги почести со уште едно поглавје од „Зимски ветрови“. Претходно тој на својата страница објави едно поглавје, а по целата возбуда и еуфорија, реши да објави уште едно.

Во извадокот кој можете да прочитате, принцезата Аријана Мартел патува низ селските предели и ги пренесува новостите. Таа се навраќа на нејзиниот татко, принцеот Доран Мартел од Дорн, додека се обидува да го контролира нејзиниот братучед Елија Санд.  

На својот блог, тој меѓу другото го напиша и следново: „Извадокот ќе ви даде некои насоки, но за останатото ќе мора да почекате.“ Тоа само ги подгреа надежите на обожавателите кои го наполнија интернетот со теории дека книгата е завршена и дека наскоро ќе биде објавена. Сепак, Мартин ги отфрли овие теории и рече дека книгата е далеку од завршена.  

Leave a comment