Седум совети како да читате повеќе книги!

Остин Клеон, авторот на „Кради како уметник: 10 работи кои никој не ви ги кажал за креативноста“, на Твитер има објавено седум совети за тоа како да читате повеќе. Живееме во време кога постојано нешто ни го одзема вниманието. Овие совети се едноставни и доволно ефективни, а Остин ги има применето на себе и со нивна помош успеал да прочита околу 70+ книги во една година, што претставувало негов личен рекорд.

Photo by Anthony Tran on Unsplash

Секако, не мора да ги земете овие совети здраво за готово. Секој човек си има свои стратегии и сопствен начин на читање на книгите, но никогаш не штети да се прочита совет и од други читатели. Советите се кратки, едноставни и се проткаени со доза хумор.

1 . Фрлете го телефонот во океан (метафорички, се разбира, м.з)
2. Направете си буџет, купете ги книгите што сакате да ги прочитате, ставете ги на куп и поставете ги стратешки на место покрај кое поминувате секој ден. (Зачленувањето во библиотека е исто така одличен избор)
3. Каде и да одите, секогаш со вас носете книга.
4. Ако не ви се допаѓа книгата или не учите нешто од неа, веднаш прекинете со читање.
5. Секогаш направете распоред да читате нефикција барем еден час дневно (за време на пауза за ручек или слично).
6. Легнете еден час порано од обично и читајте белетристика (ќе ви помогне да заспиете).
7. Пишувајте за книгите што сте ги прочитале и споделете ги вашите впечатоци со други луѓе, на тој начин и тие ќе ви даваат свои препораки.

Во продолжение прочитајте го оригиналниот твит.

 

kleon-reading-tips

Leave a comment