Книги кои најверојатно никогаш повторно нема да бидат испечатени!

Живееме во време кога благодарејќи на интернетот, речиси се ни е достапно, па затоа ретко помислуваме дека некои работи едноставно може да ги снема. Што се однесува до книгите, илјадници наслови се недостапни и во дигитална и во печатена форма заради многу причини: некогаш затоа што се премногу контроверзни, некогаш по барање на авторот на книгата.

Сајтот mental_floss направи листа од седум книги кои најверојатно нема повторно да може да се купат во книжара или во електронска верзија (освен можеби на старо и во антикварници).

Брзите времиња во средното училиште „Риџмонт““ – Камерон Кроу (1981)

amazon5_0

Сценаристот и режисер Камерон Кроу, започнал да пишува за списанието „Ролинг Стоун“ и други музички списанија уште додека бил тинејџер. Кога имал 22 години, тој успеал да го убеди директорот на средното училиште „Клермонт“ во Сан Диего да му дозволи да се преправи во студент со цел да направи запис за искуствата на матурантите. Тој ги променил имињата на своите „соученици“ за да им ја сочува приватноста и воедно книгата била екранизирана во 1982 година со Шон Пен во главната улога.

И покрај тоа што и книгата и филмот биле одлично прифатени, Кроу ја одбил секоја понуда за повторно издавање на книгата. Во едно од своите интервјуа има изјавено дека му се допаѓа тоа што постои една работа која не е толку лесно достапна.

2. Бес“ – Стивен Кинг (1977)

amazon4

Во доцните 70-ти години на 20-тиот век, Стивен Кинг, кралот на хорор приказните,решил да објавува книги под псевдоним, затоа што бил критикуван дека објавува и пишува премногу книги. Има објавено седум книги под името Ричард Бахман. Најпозната книга која ја издал под тој псевдоним е книгата „Бес“. Тој ја напишал оваа книга кога бил во доцните тинејџерски години и во неа ја раскажува приказната за еден средношколец кој ја убива својата професорка и го држи во заложништво целиот клас.

До 1997 година, најмалку три адолесценти кои донеле оружје во училиште и убиле или повредиле соученици, признале дека ја прочитале книгата или истата била пронајдена кај нив. Еден од нив дури и признал дека го обликувал своето однесување според главниот лик во книгата.

Вознемирениот Кинг ги убедил своите издавачи дека книгата е „можен катализатор“ и дека не и местото на полиците. Тие попуштиле, а Кинг изјавил: „Ја повлеков книгата затоа што според моето расудување можно е да повредува луѓе и одговорно беше да се повлече книгата.“

3. Вети ми го утрешниот ден“ – Нора Робертс (1984)

amazon_12

Нора Робертс една од најславените модерни писателки на љубовни романи. Од 2011 година наваму нејзините книги имаат вкупен тираж од 400 милиони книги. Единствен исклучок е книгата „Вети ми го утрешниот ден“, книга која ја напишала на почетокот од нејзината кариера.

Иако Робертс веќе имала напишано над 20 книги пред да ја објави оваа книга, сепак таа не се брза повторно да ја објави. Во 2009 година, во едно интервју за „Њујоркер“ таа рекла дека книгата е полна со клишеа и во неа таа го извршила најголемиот „грев“ што се однесува до љубовните романи: несреќен крај.

4.Инвазијата на вселенските освојувачи“ – Мартин Амис (1982)

amazon2_1

Велшкиот автор Мартин Амис отишол во сосема поинаков правец во 1982 година со објавување на овој водич кон игрите за флипери кои биле популарни во тоа време. Книгата е замислена како водич за „гејмерите“ од една страна, а како додаток на тоа тој дава и критички осврт кон целата индустрија.

Оваа необична комбинација на авторот и темата го поттикнала Стивен Стилберг да го напише предговорот, но тоа не било доволно за Амис да се согласи истата повторно да се објави. Кога новинар од „Гардијан“ му рекол дека би било добро книгата повторно да се појави во јавноста, Амис само го погледнал и не му одговорил ништо.

5. „Секс“ – Мадона (1992)

timh

Во времето кога Мадона ја издала оваа книга со фотографии од неа и различни модели во различни компромитирачки позиции, светот веќе бил навикната на нејзиното провокативно однесување. Како и да е, кога книгава била издадена во 1992 година, само за една недела бил продаден половина од тиражот.

Оваа книга со фотографии отсекогаш била замислена како „лимитирано издание“, па затоа и издавачката куќа немала некој посебен интерес повторно да ја објави.

6. Енциклопедија „Британика“ (1768-2012)

britannica-decoder-blog4801

Една од најлегендарните енциклопедии која секој човек ја има дома, ја изгуби битката со Википедија и интернет пребарувањата и затоа луѓето решија да го прекинат објавувањето на „Британика“ во печатена форма. Во 2010 година биле пуштени само 15 комплети.

7. Куќата без прозори“ – Барбара Њухол Фолет (1927)

amazon3_0

Љубовта која книжевниот критичар Вилсон Фолет ја имал за зборовите најверојатно била наследна. Неговата ќерка Барбара обожавала да чита книги уште на 8-годишна возраст. Кога имала 12 години, нејзиниот татко и помогнал да ја заврши книгата „Куќа без прозорци“, книга за девојка која исчезнува во шумата и се здружува со животни. Фолет ја предал првичната верзија на неговиот издавач. Книгата била издадена во 1927 година и добила огромно критичко признание.

Во 1939 година, ова генијално дете прераснало во прекрасна жена и завршила во несреќен брак. Таа избегала од дома и исчезнала. Никој никогаш не ја видел повторно. Според нејзин роднина, издавачката куќа се нема изјаснето чии се правата за објавувања и затоа оваа книга е достапна само во антикварници и на старо.

Leave a comment