Видео: Уметноста да се создаде книга!

За оние коишто сакаат да читаат книги, книгата е совршенство. Зарем има некој кој не го обожава прекрасниот мирис на нова книга, којашто изгледа како штотуку да е извадена од печатница? Зарем не ги обожаваме тие зборови испечатени на хартија кои прават да се смееме, да плачеме и успеваат да не пренесат во друго време и на друго место? Се разбира дека книгите се најпрекрасното нешто на овој свет.

https%3A%2F%2F41.media.tumblr.com%2F19c2ac9b8220caef22cf5ec75ae4b997%2Ftumblr_ntpm5fnE7X1tlfoubo1_1280

Но, она што е интересно е што малкумина знаат за тоа како всушност се одвива процесот на создавање и печатење на една книга. Ние едноставно одиме во книжарница, ја купуваме книгата, ѝ се радуваме и едвај чекаме да почнеме да ја читаме, но всушност и не знаеме многу за тоа дека создавањето на книгата е навистина долг процес и потребно е напор и труд за да се добие крајниот резултат.

Во краткото видео коешто можете да го погледнете подолу, претставена е целата процедура на печатење и создавање на книгата. Верувам дека ќе ве воодушеви!

Leave a comment