Кога писателите посветуваат книги…

Многу често писателите ги посветуваат своите книги. Најчесто посветуваат на луѓето кои највеќе ги инспирирале или им помогнале да ја напишат книгата. Најчесто тоа се најблиските луѓе на писателот/писателката. Но, има и многу исклучоци.

За денес избрав интересни и не толку обични посвети. Некои ќе ве насмеат од срце, некои ќе ве разнежнат, а некои пак ќе ве изненадат со својата остроумност.

Погледнете ја збирката на посвети која ја направив за денес.

„Избор“ – Киера Кас

Здраво Тато!
*мавта*

hidad

 

„Психо: Книга за проблемите на белите девојки“ – Бејб Вокер

Посветено на најсилната личност којашто ја познавам: себе.

strongest-person

„Вовед во алгебричка топологија“ – Џозеф Џ. Ротман

На мојата жена Марганит
и моите деца Ела Роуз и Даниел Адам
без кои оваа книга ќе беше завршена
уште пред две години.

book-dedication

„Малиот Принц“ – Антоан де Сент-Егзипери

13187730_10154232019967229_591184849_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Куќата на Адот“ – Рик Риордан

На моите прекрасни читатели:
Извинете за оној последен пресврт. 
Всушност, не, навистина не ми е жал. ХАХАХАХАХАХ.
Но, сериозно, ве сакам дечки.

cliffhanger

„Мојот ужасен живот досега“ – Френки Бојл

На моите непријатели,
Ќе ве уништам.

destroy

„Остинленд“ – Шенон Хејл

На Колин Фирт

Ти си навистина прекрасен дечко, но јас сум мажена и затоа мислам дека треба да бидеме пријатели.

colin_0

„Земјата на приказните“ – Крис Колфер

На баба ми, која беше мојот прв уредник и ми го даде најдобриот совет за пишување кој некогаш сум го добил: „Кристофер, мислам дека треба да почекаш додека да завршиш основно училиште пред да се грижиш за тоа дали си пропаднат писател.“

af9ab3836bc0550c1df852c73d669790

„Авантурите на Хаклбери Фин“ – Марк Твен

Белешка

Луѓето кои ќе се обидат да пронајдат мотив во овој наратив ќе бидат прогонувани. Луѓето кои ќе се обидат да пронајдат поука во ова ќе бидат уништени. Луѓето кои ќе се обидат да најдат заплет ќе бидат убиени.

По наредба на авторот, Пер Г.Г, Шеф на Орднанс

img_4403

„Последниот чај“ – Винка Саздова

13227964_10154232019987229_836666605_n

„Само девојка која стои пред едно момче“ – Луси-Ен Холмс

На сите прекрасни жени кои ги имам запознаето
и на сите оние кои ги немам запознаето,
а кои се борат со тешките денови.

enhanced-11307-1403185616-8

Без благодарност“ – Е.Е. Камингс

Откако бил одбиен 14 пати, Камингс се откажал и и се обратил на својата мајка. Таа му дала 300 долари, со кои му пристапил на Семјуел Џејкобс, кој поседувал печатница и го замолил да ја испечати книгата во негово издание, под името „Голден Игл Прес“. Името на збирката било променето од „70 поеми“ во „Без благодарност“, алудирајќи на сите издавачки куќи кои го одбивале на културен начин. Како краен удар, посветата била во форма на поема, редејќи ги имињата на издавачките куќи кои го одбиле и тоа во форма на урна.

ee_cummings

„Пошта“ – Чарлс Буковски

„Ова дело е фикција и не е посветено никому.“

img_4404

„Ајде да се преправаме дека ова не се случило“ – Џени Лосон

Сакам да се заблагодарам на сите оние коишто ми помогнаа да ја направам оваа книга, освен на типот кој ми се дереше во К-март кога имав 8 години, затоа што мислеше дека сум многу гласна.

Господине, вие сте идиот.

w9iagkk

„Челзи, Челзи, Банг, Банг“ – Челзи Хендлер

На моите браќа и сестри
Какви… идиоти.

u4nudph

„Страв и гадење во Лас Вегас“ – Хантер С. Томпсон

13187715_10154232020032229_529541117_n

„The Moorchild“ -Eloise Jarvis McGraw

За сите деца кои чувствувале дека се различни.

enhanced-6822-1403185907-2

„Урнатини“ – Дан Велс

Оваа книга е посветена на сите луѓе кои ги мразите. Извинете. Животот понекогаш е таков.

enhanced-1929-1403185949-3

„Момците на Ананис“ – Нил Гајман

Знаете како е. Земате книга во рака, ја читате посветата и дознавате дека повторно авторот решил да ја посвети книгата на некој друг, а не на вас.
Не и овој пат.

Затоа што не сме се запознале/не се знаеме од гледање/ не сме луди еден за друг/ не сме се виделе одамна/не сме роднини/никогаш нема да се сретнеме, но верувам дека секогаш ќе се почитуваме….

Оваа книга е за тебе. 

Ти го знаеш тоа и веројатно знаеш и зошто.

enhanced-21684-1403188289-6

„Тигрицата Лили – Џоди Лин Андерон

За девојките со бушава коса и жедни срца.

enhanced-26422-1403186082-8

Leave a comment