Ликовите во книгите се дел од магијата на една книга. Има толку многу различни ликови кои претставуваат најразлични концепти, кои раскажуваат различни приказни и различни судбини. Сите ликови имаат задача да пренесат некоја порака преку своите постапки, а на читателите им останува да извлечат што е можно повеќе од нив.

Книгите најчесто имаат неколку еден или два главни ликови и уште неколку споредни. Но, има книги кои се полни со најразлични приказни и најразлични ликови. Понекогаш има толку многу ликови, што навистина е тешко да ја следите и приказната. Понекогаш навистина треба да имате добро помнење и добра концентрација за да ги запаметите имињата на сите ликови.
Денес ви презентирам интересен инфографик кој ни прикажува 15 книги кои имаат навистина премногу ликови и за кои е потребно навистина концентрација и внимание за да ги запаметите.
15. „Да се убие птицата подбивница“ од Харпер Ли – 40 именувани ликови.
14. „Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски – 43 именувани ликови.
13. „Шоган“ од Џејмс Клејвел – 61 именувани ликови.
12. „Мрачна куќа“ од Чарлс Дикенс – 62 именувани ликови.
11. „Соодветно момче“ од Викрам Сет – 68 именувани ликови.
10. „100 години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес – 68 именувани ликови.
9. „Рамнодушниот Атлас“ од Ејн Ренд – 70 именувани ликови.
8. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ.К.Роулинг – 131 именувани ликови.
7. „Бескраен потсмев“ од Дејвид Фостер Валас – 176 именувани ликови.
6. „Романсата за три кралства“ од Во Гуанжонг – 200+ именувани ликови.
5. „Игра на тронови“ од Џорџ Р.Р. Мартин – 218 именувани ликови.
4. „Окото на светот“ од Роберт Џордан – 250 именувани ликови.
3. „Во потрага по изгубеното време“ од Марсел Пруст – 350 именувани ликови.
2. „Стојалиште“од Стивен Кинг – 463 именувани ликови.
1. „Војна и мир“ од Лав Толстој – 600 именувани ликови.
Во продолжение погледнете го инфографикот.

