Книжевниот клуб на Алберт Ајнштајн!

Зарем се потребни најави за тоа кој бил Алберт Ајнштајн и што сè направил за науката и за човештвото во целина? Алберт Ајнштајн го сменил лицето на науката засекогаш. Без сомневање, тој е еден од најгенијалните умови што некогаш постоеле.

Ричард Фајнмен, кој е исто така еден од најбрилијантните научници и физичари на сите времиња, многу го ценел Ајнштајн и за него рекол: „Ајнштајн беше џин. Неговата глава беше во облаците, но неговите нозе беа цврсто на земјата. Ние кои не сме толку високи мораме да бираме!

einstein

Сите го препознаваме Ајнштајн како генијалецот со бела коса кој ги измести основите на науката. Но, долго пред да ја докаже теоријата на релативност, Ајнштајн бил 23-годишен чиновник што работел на патенти, работел за минимална плата и се трудел некако да преживее во Берн, Швајцарија.

Младиот човек решил да заработи нешто повеќе со тоа што ќе дава часови по физика. Тој објавил оглас и на тој оглас се пријавил Маурис Соловин, студент по филозофија. Двајцата не ги следеле традиционалните форми на учење. Наместо тоа, поминувале долго време дебатирајќи за филозофија.

Математичарот Конрад Хабихт, кој бил пријател на Ајнштајн, често им се придружувал на дебатите кои се одвивале во боемскиот стан на Ајнштајн. Тие често се собирале, пиеле алкохолни пијалоци, пушеле пури и дискутирале за филозофија и физика и шеговито се нарекувале себеси „Олимписката Академија“. Така настанал книжевниот клуб со Ајнштајн на чело.

Книжевниот клуб се распаднал по неколку години кога секој од нив тргнал по различен пат, но Ајнштајн секогаш говорел дека тие дискусии и дебати влијаеле многу на неговите теории. Денес можете да прочитате и видите кои книги и есеи биле дискутирани од „Олимписката Академија“. Ова е многу интересен доказ за тоа кои книги влијаеле врз еден од најголемите умови во историјата и верувам дека е и многу значајно.

Во продолжение прочитајте за кои книги и есеи се работи.

Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес

„Дон Кихот“ е еден од најважните класици во книжевноста. Книга која се обработува речиси во секое училиште во светот, па и кај нас. Оваа книга која е всушност пародија на приказните за витези и до ден денес се смета за своевидно ремек-дело. Воедно, оттаму е произлезена и фразата „донкихотовска борба со ветерници“, алудирајќи на борбите кои понекогаш ги водиме, а однапред се осудени на пораз. Оваа книга истражува и опфаќа неколку филозофски теми кои најверојатно биле од интерес за младите и надежни момци.

Етика“ – Барух Спиноза 

Барух Спиноза е еден од најпознатите холандски филозофи, кој одбил многу престижни професорски позиции, затоа што сакал да се посвети на брусење и создавање леќи. Ова било едноставна, тивка професија, која за жал била фатална по неговиот живот. Спиноза верувал дека универзумот е создаден од една материја, па затоа и не може да се разделува телото од умот. Сè е тоа истата универзална смеса. Има веројатност дека овие идеи навистина влијаеле на Ајнштајн.

Спиноза напишал: „Не се запрепастувајте од нови идеи, затоа што многу добро е познато дека одредена работа не престанува да биде вистинита само затоа што не е прифатена од мнозинството.“

Расправа за човечката природа“ – Дејвид Хјум

Дејвид Хјум е шкотски филозоф од 18-ти век, кој верувал дека сè што мислиме дека знаеме е всушност само прашање на веројатност. Тој тврдел дека разумот не ги мотивира луѓето.

Тој велел: „Најголемата поволност од филозофијата, се појавува на индиректен начин и извира од нејзината тајна, неразумна влијателност, а не од нејзината непосредна примена.“

fa1d0466e6e6a16a8a1966b0a21b487d

(Од лево кон десно: Конрад Хабихт, Маурис Соловин и Алберт Ајнштајн)

Системот на логиката“ – Џон Стјуарт Мил

Џон Стјуарт Мил е еден од највлијателните англиски филозфи кој дал значаен придонес за развивање на идеите за либерализмот и слободата на поединецот. Покрај тоа, дал и значаен придонес за логиката. Мил има создадено теории за индуктивни заклучоци.

Тој има кажано: „Сите добри работи кои постојат се плод на оригиналноста.“

Граматиката на науката“ – Карл Пирсон

Карл Пирсон бил англиски математичар од 19-тиот век кој сметал дека фантазијата е многу важна.

Тој има кажано: „Сите големи научници биле уметници во одредена смисла. Човекот без фантазија може да ги собере фактите, но не може да прави големи откритија.“

Помеѓу останатите работи, тој мислел дека некој кој би патувал низ времето со брзина на светлината би одел назад во времето. Тој пишувал и за анти-материјата, за брчките на времето и за четвртата  димензија. Пирсон тврдел дека ние како набљудувачи влијаеме на тоа како ги искусуваме физичките закони.

Анализа на сетилата“ – Ернст Мах

Сетилата се оние сомничави, неверодостојни нешта што ја создаваат нашата реалност. Кон крајот на 19-ти век, австрискиот филозоф Ернст Мах пишувал за тоа колку се несфатливи сетилата. Тој исто така велел дека егото на човекот се менува.

Во еден од своите обиди да открие како луѓето ја оддржуваат рамнотежата, Мах многу вешто ја изградил столче на вртење. Тој исто така ја измислил оптичката илузија наречена „Махови ленти“, која користи ленти во неколку нијанси на сиво за да покаже дека боите кои луѓето ги гледаат зависат многу од боите кои ги опкружуваат.

Мах напишал: „Биолошката задача на науката е да го обезбеди целосно развиениот поединец со што е можно посовршени начини за да може да се ориентира и снајде. Ниту еден научен идеал не може да се оствари, а сите останати мора да се безначајни.“

Наука и хипотеза“ – Хенри Поинкер

Хенри Поинкер бил француски филозоф од 19-тиот век и прилично зафатен човек. Освен тоа што бил филозоф, тој бил и теоретски физичар, инженер и математичар.

Додека одел на факултет, тој бил екстремно талентиран за математика, но не му одело на часовите по физичко. Неговата неможност да добие петка по физичко не му наштетила на неговата академска кариера. Тој ги има создадено почетоците на теоријата за хаосот и ја има напишано книгата „Наука и хипотеза“, книга која навлегува во длабочините на мнението дека ние всушност не знаеме ништо.

Исто како и Ајнштајн, Поинкер исто така се интересирал за равенките на Максвел и некои од неговите размисли влијаеле на теоријата за Ајнштајн за релативноста, како на пример дека времето е релативно.

Извор.

Во продолжение погледнете го ова интересно видео и интересна анегдота поврзана со книжевниот клуб на Ајнштајн:

Leave a comment