Бил Гејтс препорачува 5 книги за ова лето!

Бил Гејтс е најбогатиот човек на светот. Освен тоа што е основач на Мајкрософт, тој е познат и по своите филантропски дејности. Инаку, самиот Бил Гејтс е страствен љубител на книги и тој едноставно не може да се замисли себеси да не чита. Дури и кога е најзафатен наоѓа време да прочита некоја книга.

На својата страна често објавува интересни работи и новости, а често објавува и свои коментари и препораки за одредени книги коишто ги чита.

4summerbooks2016

Па така, пред некој ден, на својата страна објави листа со 5 книги кои тој мисли дека луѓето треба да ги прочитаат ова лето.

Во постот тој вели: „Ова лето, мојата листа со препорачани книги содржи книги од областа на науката и математиката. Но, нема наука или математика во мојот процес на избирање книги. Овие 5 книги едноставно се книги кои многу ми се допаднаа, кои ме натераа да размислувам од поинаква перспектива и поради кои останував доцна за да ги читам.

Како резултат на тоа, создадов листа која содржи се: од научна фантастика од 800 страни, до книга за тоа како Јапонија може да си ја обнови економијата. Се надевам дека ќе пронајдете барем една книга која ќе ве инспирира…“

Ова се 5-те книги кои ги препорачува, па можеби и ќе си изберете нешто за вас.

1 . Седум раси“ – Нил Стивенсон

22816087

Што вели Бил Гејтс?

„Една деценија немав прочитано ниту една научно-фантастична книга, се додека една пријателка не ми ја препорача оваа книга. И драго ми е што ми ја препорача. Заплетот почнува уште од првата реченица, кога месечината ќе експлодира.

Луѓето сфаќаат дека за две години еден катаклизмичен метеор ќе го уништи животот на Земјата, па затоа светот се обединува и прави план како да одржи човештвото во живот со тоа што ќе лансира што е можно повеќе вселенски летала во орбитата.

Можно е да изгубите малку трпение со сите информации кои ќе ги добиете за вселенските летови (Стивенсон живее во Сиетл и очигледно добро го спровел истражувањето за книгата), но мене ми се допаднаа техничките детали. Оваа книга ме инспирираше да си ја вратам мојата навика за научна фантастика.

2. Како да не грешите?“ – Џордан Еленберг

18693884

Што вели Бил Гејтс?

„Елеберг, кој е математичар и писател, објаснува како математиката е дел од нашите секојдневни животи без воопшто да забележиме. Секое поглавје започнува со некоја тема која е прилично јасна, како на пример: изборни политики или лотаријата во Масачусетс, а потоа ги користи тие теми како отскокна точка за да зборува за математиката која е вклучена во овие процеси.

На некои места математиката е малку комплицирана, но тој секогаш ги заокружува работите со тоа што се осигурува дека го следите и дека го разбирате. Главната поента на книгата е, како што пишува Еленберг, да се објасни дека „да се решава математика е истовремено да се биде допрен од оган и ограничен со раузм“ и дека во живототот понекогаш ние сите решаваме математика и тоа цело време.“

3. Клучното прашање“ од Ник Лејн

23316494

Што вели Бил Гејтс?

„Ник е еден од оние оригинални мислители за кои секогаш велите: „Повеќе луѓе треба да знаат за работата на овој човек.“. Тој се обидува да исправи научна грешка со тоа што им дозволува на луѓето да ја почувствуваат и да ја ценат улогата којашто енергијата ја има во животот на сите живи суштества.

Тој вели дека единствено ако разбереме како функционира енергијата ќе можеме да сфатиме како започнал животот и како живите суштества станале толку комплексни. Не се работи само за теорија, митохондријата може да игра улога во борбата против рак. Дури и ако се докаже дека детали од книгата на Ник се погрешни, верувам дека неговиот фокус на енергијата ќе биде ценет и ќе се гледа како важен придонес кон нашето разбирање за тоа откаде доаѓаме.“

4. Силата за натпреварување“ – Руоичи Микитани и Хироши Микитани

22775647

Што вели Бил Гејтс?

„Јапонија ми е слаба точка уште од пред 3 децении, кога прв пат ја посетив заради Мајкрософт. Денес, Јапонија е навистина интересна за сите кои следат глобална економија. Зошто јапонските компании паднаа во однос на конкурентите од Јужна Кореа и Кина? И дали можат да се вратат назад?

Овие прашања се центар на дијалозите помеѓу Руоичи, економист кој почина во 2013 година, и неговиот син Хироши, основачот на компанијата „Ракутен“. Иако не се согласувам комплетно со програмата на Хироши, мислам дека тој изнесува неколку добри идеи. „Силата на натпреварувањето“ е паметен поглед во иднината на една фасцинантна држава.“

5. Сапиенс: Кратка историја на човештвото“ – Ноа Јувал Харари

23692271

Што вели Бил Гејтс?

„И Мелинда (жената на Гејтс, м.з) и јас ја прочитавме книгава и таа поттикна одлични разговори за време на нашите вечери. Харари во својата книга за нафаќа на еден опасен предизвик: да се раскаже целосната историја на човеков во само 400 страници.

Тој исто така пишува за нашиот вид и тоа како се снаоѓа во денешницата и како вештачката интелигенција, генетско инженерство и останата технологија ќе не промени во иднина. Иако има работи со кои не се согласувам, особено со тврдењето на Харари дека на луѓето им било подобро пред да започнат да се занимаваат со земјоделство, сепак ја препорачувам оваа книга на секој кој е заинтересиран за историјата и иднината на нашиот вид.“

Ова се 5-те препораки на Бил Гејтс, а во продолжение погледнете го и интересното анимирано видео каде што тој ги кажува (и објаснува) своите препораки.

Leave a comment